Со света архиерејска литургија пред храмот Свети цар Константин и царица Елена во Ниш започна централната свеченост на одбележување на 17 векови од Миланскиот едикт.
Во литургијата која ја води вселенскиот патријарх Вартоломеј, учествуваат партијарси на московската, ерусалимската и српската црква, ариепископите на помесните православни цркви и свештеници.
На литургијата учествуваат голем број верници и граѓани, според проценките на нишката полиција и СПЦ се очекува бројот на присутните да биде над 15.000 луѓе.
МПЦ – ОА нема да има делегација своја делегација бидејќи за првпат СПЦ целосно ја игнорираше и не ја покани.
„Како Црква не сме поканети ни официјално, ни неофицијално. Знаете како велат, неканет гостин седи зад вратата. Нормално е дека во таква ситуација нема да одиме во Ниш“, изјави за медиумите владиката Тимотеј.
Досега делегации од МПЦ беа канети и присуствуваа на значајни настани, иако не на официјално ниво. Последен пат, делегација предводена од Архиепископот, г.г Стефан присуствуваше на погребот на поранешниот Српски Патријарх, Павле.
Пред два дена од Православната Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски соопштија дека тие ќе имаат свои претставници Епископи, свештеници, монаси и припадници на Православната Охридска Архиепископија на големиот јубилеј во Ниш.




