Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер: Бугарија подготвена за влез во евро и Шенген зоната

0
By Светлана Јовановска on November 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија е подготвена да воведе евро и подготвена да влезе во Шенген зоната, тврди претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер.

По средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов Јункер најави исто така дека на пролет ќе дојде во посета на балканските земји, кандидати за проширување и со тоа ќе и помогне на Бугарија за која оваа политика ќе биде приоритет за време на бугарското претседателство со ЕУ од 1 јануари 2018 година.

“Сосема отворено ќе ви кажам – Бугарија е подготвена” за влез во евро-зоната, рече Јункер и додаде:

“Воодушевен сум од перформансите на Бугарија. Бугарскиот буџет е врамнотежен; Бугарија има низок јавен долг во споредба со другите земји. Јавниот долг изнесува 29 отсто што е одлично. Имаме земји членки на евро-зоната кои имаат долг што надминува 60 отсто”, изјави Јункер додавајќи дека тоа нема да се случи “утре во 11 часот” но дека кандидатурата на Бугарија за евро-зоната ќе ја има целосната поддршка на ЕК.

Истиот став Јункер го има и за влезот на Бугарија во Шенген зоната:

“Извештајот за Бугарија ќе биде позитивен. Уште кога ја презедов оваа функција реков дека го поддржувам влезот на Бугарија, и Романија, во Шенген зоната. Тоа ќе биде сторено. Комисијата е многу јасна по тоа прашање. И тоа го реков и во Европскиот парламент: природното место на Бугарија е во Шенген зоната”.

Јункер и Борисов разговарале и за “комплицираниот регион во кој Бугарија игра централна улога”, вели Јункер:

“И овде сакам да го споделам моето убедување дека треба да ги држиме портите отворени за европската перспектива на балканските земји. Повеќе пати сум рекол дека не е возможно новите земји да се зачленат во ЕУ до 2019 година. Но би сакал европската перспектива да биде тука, не како покана, туку како неопходност за континентот”, вели Јункер најавувајќи посета на балканските кандидат за членство на пролет 2018 година. Истовремено тој најави дека на 17 мај во Софија ќе се одржи самит на ЕУ со балканските земји.

Бугарското претседавање со ЕУ за Македонија најверојатно ќе донесе чиста препорака за почеток на преговори за членство, каква што имавме пред да ни бидат додадени услови пред две години. Дотогаш ЕУ од Македонија очекува пред се реформа на заробеното судство.

 

балкан Бојко Борисов Бугарија бугарско претседателство со ЕУ Жан-Клод Јункер проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.