Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер ни доаѓа на гости на 25 февруари

3
By Светлана Јовановска on January 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Западниот Балкан е интегрален дел од Европа” е насловот на стратегијата за Балканот што Европската комисија (ЕК) ќе ја објави на 6 февруари во Стразбург.

Но, целта на стратегијата е Западниот Балкан да стане интегрален дел од Европската унија (ЕУ). А до таму патот е долг послан со многу работа. Тие задачи се содржани во стратегијата што НОВА имаше можност да ја види.

Ова е дел од пораката што во Македонија ќе ја донесе првиот човек на ЕК Жан-Клод Јункер за време на неговата посета планирана за 25 февруари.

Јункер ќе ги посети сите балкански земји за да им ја претстави лично стратегијата што ја иницираше токму тој во септември 2017 година кога изјави дека ЕУ треба да даде креидибилна перспектива за членство на Балканот во ЕУ. Нешто подоцна, во ноември, тој додаде дека, според него, Србија и Црна Гора ќе станат членки на ЕУ пред 2025 година.

Мандатот на Јункер на чело на ЕК завршува во 2019 година

“Сакам да го повторам моето убедување дека е неопходно да ја задржиме отворена ЕУ перспективата за Западен Балкан. Во овој момент по се изгледа не е можно да примиме нови членки во 2019 година (з.н. во 2019 година завршува мандатот на Јункер), но сакам на европската перспектива да не се гледа како покана, туку како континуирана потреба за овој дел на Европа”, порача Јункер.

Контурите на стратегијата

Стратегијата се уште не е финализирана и на неа ќе се работи до 6 февруари. Но нејзините основни контури се веќе познати.

Она што е сигурно е дека овој документ на ЕК нема да ја ослободи Македонија од условената препорака. На тоа ќе треба да се чека 17 април кога Комисијата ќе ги објави годишните извештаи за балканските земји и речиси е сигурно дека нашата земја повторно ќе ја добие препорака за старт на преговори за членство. Препораката ја загубивме пред две и пол години поради тогашната лоша состојба на нашата демократија и државата заробена од страна на една партија.

Во овој документ, на 12 страни, Комисијата инсистира на реформи велејќи дека кредибилната перспектива од страна на ЕУ бара и кредибилни реформи.

Во нацртот на стратегијата што НОВА имаше можност да ја види, се вели дека до крајот на 2019 година Македонија “треба да покаже опипливи реформи и да го реши спорот со името. Доколку овие услови бидат исполнети, преговорите ќе бидат добро напреднати”.

Во стратегијата се вели дека Србија и Црна Гора, двете земји што веќе преговараат за членство, би можеле да станат членки на ЕУ во 2025 година доколку покажат “силна политичка волја, испорачаат вистински реформи и трајни решенија за кавгите со соседите”.

Без национален консензус со срце и ум нема влез во ЕУ

Прво, Комисијата бара сериозно зајакнување на правните држави на Балканот и вистинска борба против корупцијата бидејќи секаде на Балканот владее чувство дека некои луѓе не можат да бидат казнети. А медиумите во многу земји се под контрола на власта.

Второ, економиите на балканските земји не се компетитивни и економијата е исто така под контрола на власта. На ова исто така треба да му се стави крај за да можат земјите да напредуваат кон ЕУ и за да можат да отвораат работни места особено за младите.

Трето, тука се билатералните проблеми мораат да се решат. Комисијата подвлекува дека ЕУ «нема да ги вовезува овие кавги» па трајни решенија мора да бидат најдени «пред земјата да влезе во ЕУ».

Четврто, и исто толку важно како и претходните три точки, е фамозниот консензус на државата за влез во ЕУ: политички и општествен консензус со кој граѓаните ќе ја дадат својата “поддршката и со срце и со ум”, вели стратегијата.

Накусо, пораката на Комисијата на Јункер е – ако сакате во ЕУ, акцијата треба да започне веднаш.

Што мислат земјите членки за стратегијата

Но следното прашање што ќе се постави е дали и колку земји членки ќе и ја дадат својата искрена поддршка на оваа стратегија на Јункер. Според последните информации на НОВА во Брисел, Франција, Германија, Данска, Холандија, Белгија и Шпанија не се воодушевени од стратегија што споменува датуми за членство.

Познато е дека Франција не е голем поддржувач на проширувањето.

Но она што е ново е што Германија е колеблива. Дипломатите се прашуваат дали ова колебање е резултат на германската внатрешна политичка криза или ваквиот став ќе продолжи и со новата влада во Берлин.

Шпанскиот проблем е од практична природа. Исплашен и нервозен поради барањето независност на Каталонија, Мадрид не сака да чуе да го признае Косово и со самото тоа не и ја дава целосната поддршка на оваа стратегија.

Но топли зборови ни доаѓаат од студениот север. Шведска и Финска, во посебен документ испратен со ЕК, даваат предлози како практично да им се помогне на балканските земји.

Стокхолм и Хелсинки велат дека сите земји од Балканот треба да почнат ги отворат поглавијата 23 и 24 од преговарачката рамка на ЕК бидејќи “правната држава е фундамент на општество што добро функционира”. И додаваат дека “ако тоа се покаже за успешно, овој процес треба да се употреби и за други преговарачки поглавија”. Конечно, за да им се помогне на земјите за “тешкиот процес, земјите членки на ЕУ треба да бидат водичи како “ментори”, вклучително преку соработка за развој и твининг”.

6 февруари Европска комисија Жан-Клод Јункер Западен Балкан стратегија за Балканот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.