Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јусуф Калаф, сиријскиот бегалец што сонува да се врати во Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on May 13, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

jusufce

Никогаш не помислив што се ќе преживеам како бегалец кога ја напуштив својата родна земја Сирија. Вака ја започна својата приказна Јусуф Калаф, кој е на прагот на полнолество, а за три години откога заминал од виорот на војната, поминал низ уште поголем пекол.

Тој за НОВА ја раскажа својата животна приказна, од моментот на заминување од Дамаск на 1 јануари 2013 година, преку голготата со криумчарите на луѓе, се до неговото пристигнување во Германија.

Јусуф е момчето кое минатата година  настрада од струен удар во еден од вагоните на железничката станица во Гевгелија и одвај преживеа, по шест месеци поминати во болница во Македонија.

 

JUSUF56„Заминавме за Либан, па за Египет и Либија, а на 06 јуни 2013 година пристигнавме во Турција. Таму со семејството престојувавме цели две години, се додека мојот тетин, не дојде и ме праша дали сакам да му се придружам во патот кон Европа. Го прашав за дозвола татко ми и му ветив дека штом пристигнам во Шведска ќе побарам „собир на фамилијата“ за татко ми да дојде со авион бидејќи бев малолетен. И така со тетка ми, нејзиниот сопруг и уште четворица пријатели на 07 јули 2015 година тргнавме за Шведска“, раскажува за НОВА, Јусуф Калаф.

Првата дестинација бил Измир, град на море во Турција каде што се запознале со еден кријумчар на луѓе кој им ветил дека ќе ги однесе до Грција. Во Измир, во еден хотел престојувале три дена. Една ноќ околу 01 часот по полноќ, трговецот со луѓе ги повикал да се соберат на одредено место со групата. Таму ги качиле во камион полн со овошје и така почнал неговиот пат кон Европа, пат полн со опасности и неизвесност.

„Од камионот не префрлија на брод. Бевме вкупно 38 луѓе и една бремена жена. Капетан требаше да биде еден од патниците, човек од Мароко што никогаш не управувал со брод. Еден Турчин за пет минути му објасни како треба да управува и тргнавме. Набргу се најдовме на отворено море во вистински хаос, кога ни се доближи еден грчки брод. Тие ни го украдоа горивото, го фрлија во море и си заминаа. Останавме на сред море во темнинатата на ноќта. По еден час повторно с е вратија, ни фрлија јаже и не оставија сред море повеќе од четири часа. Истиот брод се врати по третпат и со помош на јажето не влечеа до еден голем брод кој не однесе до островот Метлини, објаснува Јусуф.

Од таму, со друг брод заминале за Атина, а кријумчарите за тоа им земале по 45 евра од човек. Таму престојувале два дена, додека не наишле на уште еден од шверцерите на кој му платиле по 70 евра за да ги донесе до грчко-македонската граница, со автобус.

jusufsem
Возачот ги оставил во близина на еден хотел, од каде пешачеле три часа преку ниви со краставици и лубеници, се додека не стигнале до еден мост, од каде што скокнале. Така Јусуф и неговата група се нашле на македонска територија. Дента на 23 јули 2015 година стигнале во Гевгелија и чекале со документите да бидат регистрирани. Биле гладни, а еден од неговите пријатели забележал овошје зад еден од вагоните.

Поминувајќи помеѓу вагоните Јусуф почувствувал дека нешто не е во ред со струјата и му довикнал на другарот да скокне. Тој избегал, но Јусуф не успеал во обидот. Младото момче го погоди силен струен удар, по што притрчаа од Црвениот крст да му пружат помош и веднаш беше пренесен во болница. Не се знаеше дали ќе преживее.

Оваа информација ја пренесоа сите медиуми во Македонија, а германската “ Vice news“ направи сторија за случајот.

https://www.youtube.com/watch?v=GATM5ltVVLI

Јусуф во центарот за изгореници во Градската хируршка болница „Св.Наум Охридски“ останал да се лекува шест месеци.

Тој вели дека лекарите добро се грижеле за него,а особено и е благодарен на докторката Сандра Игњатовска од Црвениот крст, за која вели дека му го спасила животот.

Раскажува дека во Македонија има многу пријатели, тука му е второто семејство, Мерсиха Смаиловиќ и нејзиниот сопруг Јасмин Реџепи кои многу му помогнале, како и тимот на Језуитската организација за бегалци, Дејан и многу други пријатели.

jusufbolnica
Во Германија заминал кога неговиот татко дошол по него, кога уште не беа затворени границите. Не сакал да си оди, но мајка му велела дека нема никогаш да му прости ако не биде со семејството. Заминал во надеж дека таму ќе му биде извршена пластична операција на лицето заради изгорениците.

Јусуф со неговото семејство сега живее во Германија, но сонува да се врати во Македонија. Вели дека тука му било најдобро како бегалец.

„Сакам сите да знаат за мојата приказна. Да знаат и дека во Македонија ми беше подобро како бегалец. Се грижеа за мене. Во Германија ме прашуваат каде ти е подобро, јас им одговарам, во Македонија. Се чудат зошто, кога тука ни даваат се што ни треба. Им објаснувам дека не ме интересираат парите, материјалното, во Македонија има повеќе човечност “, ја завршува својата приказна ова младо момче од Сирија.

Јусуф Калаф е еден од многуте Сиријци кои бегајќи од војната поминаа вистинска голгота на патот по бегалската рута.

semjusuf

Само минатата година 1.3 милиони луѓе побарале азил во земјите на ЕУ. Оваа бегалска криза ќе биде запаметена како најголем егзодус во историјата на човештвото, до сега.

guzva

балканска рута бегалци Јусуф Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.