Јужна Кореја денеска информираше дека минатиот месец запленила брод што пловел под знаме на Хонг Конг, за кој постои сомнеж дека пренесувал бензин за Северна Кореја.
Најавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина дека скришно и испорачува нафта на Северна Кореја, со што ги крши меѓународните санкции.
Бродот што бил запленет се вика „Лајтхаус Винморе“, и според Јужна Кореја, со него биле испорачани 600 тони рафинирана нафта.