Популарното К-15 не се укинува, но обврската за негова исплата нема да биде задолжителна за сите компании.
Синдикатот и Организацијата на работодавачи во текот на оваа недела треба да ги договорат критериумите од кои ќе зависи дали одредена фирма ќе треба да исплати регрес за годишен одмор и колкава ќе биде неговата висина.
Ова пред се`се однесува на компаниите кои ќе имаат економско-финансиски потешкотии, вели претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров за Телма ТВ.
– Тие економско-финансиски потешкотии ќе се утврдуваат со спогодба помеѓу синдикатот и работодавачите. Ќе се зема предвид ликвидноста на компанијата, рентабилноста, евентуалните поголеми нарушувања во производствениот процес. Сето тоа е докажливо. На база на аргументи ќе се направи спогодба за која согласност ќе треба да даде и гранскиот синдикат. За тие фирми може регресот да биде понизок од предвидените 40 отсто, со тоа што кога конмпанијата ќе излезе од криза да ја исплати таа разлика.