Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кај би ни бил крајот – а вака крајот ни се гледа

0
By Zoran Ivanov on August 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 9, 2025 09:55

Кога после секоја прес конференција, зад секоја партија, би се слушнале бар десетина гласа на албанци и македонци: Лажете, лажете, лажете, е тогаш ќе има демократија. И кога после секое фалење со рејтингот од некаде би загрмело на македонски и албански: „Како не се срамите, Како не се срамите…“ Дури тогаш ќе не биде!

 Зоран Касап Стојановски

Кога наместо „Смрт за шиптарите“, пет илјадна публика би викала: „Смрт за корупцијата, “ и цел час салата „Борис Трајковски“ би се тресела, е тогаш сме македонци и патриоти и христијани!

Кога наместо „Смрт за каури“, триесет илјадна публика ќе скандира:„Смрт за дивоградбите“, цели два часа, да се дрма стадионот како од земјотрес, е тогаш си албанец и борец за човекови права и муслиман, а не лицемер.

Кога на секој ракометен натпревар, од неколку илјади грла, би се пеело: „Нека разберат клетите непотисти,“ а потоа без прекин би се скандирало: „Смрт за лажни дипломи, смрт за купени дипломи, смрт за партиски вработувања,“ е тогаш си експерт, а не партиски улизувач.

Кога наместо „Илирида“ и „Голема Албанија“, по стадионите би се викало: Шкендија, Македонија, Шкендија, Македонија, е тогаш ја сакаш Македонија.

Кога на „Тетовско културно лето,“ публиката македонска и албанска и турска и ромска и српска и влашка без прекин би грмела: „Смрт за диви депонии“, „Смрт за загаден воздух“, Сакаме чист воздух под Шар Планина! Доста не труете! Доста! Доста! Доста! Е, тогаш ќе докажеш дека не ги бркаш сопствените деца да работат и да се лечат во Германија.

Кога на секој спортски натпревар, публиката би грмела: „Си ги зголемивте платите! Исти сте! Исти сте! Исти! Исти! Исти! Ете тогаш и власта и опозицијата барем малку ќе ги поднаведнат главите кога ќе ти дојдат како питачи на врата да гласаш за нив.

Кога после секоја прес конференција, зад секоја партија, би се слушнале бар десетина гласа на албанци и македонци: Лажете, лажете, лажете, е тогаш ќе има демократија.

И кога после секое фалење со рејтингот од некаде би загрмело на македонски и албански: „Како не се срамите, Како не се срамите…“ Дури тогаш ќе не биде!

Ќе не биде ако на секое сечење лента и македонци и албанци би се насобрале да скандираат: онколошка мафија, урбана мафија, шумска мафија, административна мафија, мафија, мафија, мафија…

Кај би ни бил крајот кога една партија наместо да укажува на криминалите на друга партија, да извади докази без збор и да апси, да апси, да апси, без да бара партиска книшка, етничка припадност или заеднички интерес.

Кај би ни бил крајот, кога на Фејсбук наместо карти на голема Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Косово, наместо слики од Александар, Скендербег, Ќосето, наместо пцуење и заканување, би се постирале само 10-те божји заповеди: Не убивај, не кради, не лажи… И изреки од Ганди, Мандела, Лутер Кинг. Од луѓе!

Кај би ни бил крајот, тогаш!

А вака, крајот ни се гледа!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

зоран касап стојановски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.