Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кабинетот на Битиќи за случајот со ОКТА: Арбитражната пресуда е во полза на нашата држава 

0
By Соња Крамарска on December 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Донесена е арбитражна пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Северна Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година, појасни попладнево кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, во врска со овој најнов случај кој ја бранува јавноста.

ЕЛ.ПЕТ, како што се вели во објавата од кабинетот, побарувал главен долг од 31,590.000,00 УСД по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5% годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 УСД до 22.12.2022 година, како и адвокатски трошоци и трошоци на арбитражната постапка во износ од 1.439.920,00 ЕВРА.

Вкупното побарување на ЕЛ.ПЕТ Балканики по основ на главен долг и камата изнесува 42.646.000,00 УСД.

Арбитражниот суд досуди 21.478.797,00 УСД за главниот долг од побаруваните 31.590.000,00 УСД, како и затезна камата по ЕУРИБОР стапката која е негативна во претходниот период, наместо побаруваните 11.056.000,00 УСД. Со тоа вкупно досудениот износ по основ на главното побарување до денес е околу 21.478.797,00 УСД, што претставува околу 51% од побаруваниот износ со тужбата (42.646.000,00 УСД).

На ЕЛ.ПЕТ му се досудени и 787.334 ЕВРА за адвокатски и арбитражни трошоци од побаруваните 1.439.920,00 ЕВРА.

„Со пресудата е утврдено дека вкупната количина на потрошен мазут на ОКТА во период 2008-2011 година изнесува 1.204.489 тони, така што на ЕЛ.ПЕТ му следат пенали од 27 УСД по тон за 795.511 тони мазут. Со пресудата е утврдено дека ЕЛПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела од 2012 до 2019 година, односно дека ова се последните пенали кои државата ги плаќа по основ на Договорот од 1999 година“, се додава во соопштението.

Застапник на Република Северна Македонија била адвокатската куќа Дехерт од Париз.

Спорот траеше од 5 декември 2018 година.

Адвокатскиот тим на Дехерт од Париз ангажиран од нашата Владата во претстојниот период ќе ја анализира Арбитражната пресуда, по што ќе биде донесена одлука за следните правни чекори кои ќе бидат преземени.

арбитражна пресуда ОКТА Париз спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.