Висок официјален претставник на ММФ и четворица вработени на ОН беа меѓу 21-те лица кои загинаа во самоубиствен бомбашки и вооружен напад врз ресторан во Кабул, изјавија официјални лица, јавува Би-Би-Си.
Вабел Абдала, шеф на канцеларијата на ММФ во Авганистан, и цивилниот персонал на ОН загинаа во она што шефот на ОН, Бан Ки-Мун, изјави дека е “ужасен напад”.
Канаѓани, Либијци и еден Британец беа меѓу 13 странски жртви, а други осум биле Авганистанци.
Талибанците соопштија дека го извршиле нападот доцна во петокот.
Пет жени беа меѓу загинатите во популарната Таверна ду Либан во градот, а најмалку пет беа повредени, соопшти полицијата.