Во Босна и Херцеговина нема напредок на патот кон ЕУ, но БиХ сепак е подобра од Македонија, која побегна во средниот век, изјави словенечкиот европратеник Јелко Кацин, кој синоќа во емисијата „Интервју 20“ на босанската телевизија БХТ разговараше за последните немири и европската перспектива на Босна и Херцеговина и на регионот.
„Македонија побегна во средниот век, па сега дури и во античко време, и упорно оди натаму кон камената ера. Официјалните претставници во БиХ треба да се погледнат во огледало после бричење наутро и да си кажат – доста беше, сега ќе отвориме едно ново поглавје за БиХ. Кога тоа ќе се случи, јас не гледам проблем за земјата да тргне напред. БиХ тргнува од сегашноста, а Македонија од античко време“, изјави Кацин.
На аргументите на новинарката дека „Македонија исполни се за ЕУ, но не може да оди понатаму затоа што Грција ја блокира заради името“. Кацин со одговор:
„Македонија не можеше натаму заради себе. Затоа што ако сакаа, тие ќе најдеа договор за името и одамна ќе беа во НАТО!“




