Дуња Иванова: Илинден 2026. 08:10. Билна аптека. Претставник на МВР.
Ние – група луѓе на велосипеди. Насмеани. Во пресрет на големиот празник. Денот да го почнеме како што доликува – со чиста глава, добра мисла и кругот Илинден.
„Каде бе, мајмуни?“
И ми се отворија неколку дилеми.
Првата: дали „мајмуни“ е новото „војводи“? Некоја модерна празнична терминологија, во духот на Крушевската Република?
Втората: како единствена девојка во групата, се почувствував дискриминирана. Ако веќе сме мајмуни, од минимум почит можеше да добијам барем женски род. Мајмунка. Да биде протоколарно.
Последниве две години спортот ми овозможи да го живеам светот. Оваа страст на две тркала ме однесе во повеќе од петнаесет држави.
Во Италија: Forza, signora!
Во Шпанија: Buena suerte en la carrera!
Во Австрија Servus! и насмевка.
Во Словенија, на аеродром има bike packing point – кутии, алат и сè што ти треба достоинствено да го спакуваш велосипедот пред лет.
Кај нас на граница?
„Колку пари ти е точакот?“
Не документите. Не процедурата. Не добар ден.
„Колку пари ти е точакот?“
Фраза што се повторува како мантра. Чест на исклучоците – тие се тука, ама ретки се како лековити билки.
Додека масло од хамбургер тече по пултот, документите ми се фрлаат во лице.
На тие документи има национални обележја. На дресот што го носам на тренинг – исто така.
Речиси исти како оние на униформата на службеникот.
Разликата е само во односот кон нив.
И да не ме сфатите погрешно.
Мајмуните ми се прекрасни суштества. Интелигентни, социјални, лојални.
Ние, од Крушевската Република до денес, очигледно сме еволуирале.
Само не сите во иста насока.
Честит празник!
Извор: Фејсбук



