Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде лежи проблемот Украина-ЕУ-Русија

0
By Нова ТВ on December 2, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2013 14:43

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович присуствуваше на самитот на Источното партнерство на ЕУ во Вилнус, Литванија, тврдејќи дека неговата земја не е заинтересирана за влез во Источното партнерство со сегашните услови. Европската унија беше неубедлива во нејзините обиди за историски договор за асоцијација со Украина, иако, се вели, тоа е најамбициозниот договор досега понуден на држава која не е во ЕУ.

Јанукович сеуште преговараше на самитот во четвртокот навечер, со детали дека треба да најде 12,5 милијарди евра во наредните 18 месеци, да ги исплати долговите на Украина за гас, како и други долгови, особено кон Русија. Тој претходно понудата од 600 милиони евра помош од ЕУ, ја нарече „понижувачка“.

>> Украина се радикализира

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј рече дека вратата не е затворена за 46-те милиони луѓе на земјата, но сугерираше дека за поголема понуда нема да стане збор.

„Ние сме подготвени да потпишеме договор со Украина, откако ќе бидат исполнети одредниците дадени од страна на ЕУ, и сме навистина близу. Не можеме овие средби да ги пропуштиме на историјата. Мора да издвоиме краткорочни размислувања и мора да го надминеме притисокот од странство“, изјави ван Ромпуј.

Најистакнат противник на планот за Источното партнерство е рускиот претседател Владимир Путин. Тој веќе успеа да ја убеди Ерменија да се приклучи во неговата Царинска унија.

Зборувајќи за „Euronews“, Тамара Гузенкова, специјалист за проблемите на поранешните Советски земји, и заменик-шеф на Рускиот институт за стратешки студии во Москва вели важно е да се разбере дека Русија не е против договорот помеѓу Украина и ЕУ. Таа вели, заплетканоста лежи на друго место, односно – како да се изградат односи со земја која се интегрира со друга унија, додека истовремено има доста блиски економски соработки со земја која не се интегрира со ЕУ.

„Секако, Украина е во сложена економска и финансиска позиција, и е заеинтересирана за услуги од двете страни. Но тоа е речиси невозможно бидејќи Европската слободна трговска зона и Царинската унија со Русија се два различни планови. Секоја си има свои правила, побарувачки и стандарди. Затоа, ако Украина се придружи на едната од нив, ќе мора да направи избор. Не само Царинската унија го има тој став, Европејците први побараа такво нешто“, објаснува Гузенкова.

Според неа, можеби Украина треба да застане и сериозно да размисли за тоа како да воспостави односи со Истокот и Западот во исто време, и како Украина, ЕУ, и Царинската унија заедно донесат договор.

На прашањето дали е реално можно да се воспостави троен-однос, Гузенкова вели, Европејците и Русите мора да се потрудат Украина да не биде пречката, и да и дозволат да стане дел од од глобалните односи Исток-Запад, помеѓу Русија и ЕУ.

„Мислам дека украинските власти премногу брзаа. Тие не се информираа соодветно за и против оваа одлука. Јас мислам, Европејците исто така се обидоа да ја навлечат Украина, и не земаа в предвид дека Украина е многу блиска со Евроазискиот пазар, или па можеби не сакаа да го видат тоа.“

Според заменик-шефот на Рускиот институт за стратешки студии во Москва, сега треба да настане период на смиреност, без заеднички пристап како што тоа се прави сега –да се дискутира за проблемот посмирено, и да се најде време да се седне и преговара, да се мисли како Украина, која е многу голема земја, може да избегне банкрот, за да одбере најдобар можен начин да се развива геополитички и економски.

Масовните протести во улиците на Киев започнаа пред речиси една недела кога опозицијата повика на мобилизација во знак на револт против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не потпише клучен договор со ЕУ, кој требаше да ја зголеми трговската размена меѓу двата партнери и да ја доближи Украина до Унијата, како и да се укине визниот режим за украинските граѓани.

извор: Euronews

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.