Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде одиме, господине Талат Џафери?

0
By Биљана Секуловска on May 6, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 6, 2017 11:52

Ниеден крај не е доволно добар за оваа земја, но веројатно така изгледа мачилиштето, пред да се влезе во предворјето на демократијата.

Крајот на Груевски е реален, опиплив, совршено јасен, но потребно е многу, ужасно многу време да се простиме од груевизмот, отровот кој се сее повеќе од една деценија, омразата кон секој што мисли поинаку, кон секој кој е различен, поинаков, таа омраза која подразбира налудничавост,примитивизам, удирање во гради како одлика на патриотизам додека не прокрварат, но после се тоа нечии други гради, нечии други глави – и секогаш се оние на опозиционерите.

Изненадувањето кое го донесе новиот спикер Талат Џафери со трескање на масата на едно знаменце, албанското, покажува веројатно само едно- дека оние крвави глави и гради на опозицијата уште долго треба да се лекуваат, исчистат, за да се почне пак од почеток, чекор по чекор, бавно, тешко и мачно.

Џафери мора да знае дека албанското знаме не е проблем и никогаш нема да биде. Се разбира и дека не смее да биде. Но, проблемот, болката која не нагризува сите нас, вклучувајќи го и него, е онаа старата, балканската.

Тука, на Балканот, едноставно не може да се преживее како човек. Само како човек. Мора да се биде етнички запишан, крунисан, со крвави очи и раце додека се удираат и палат туѓи јазици, симболи, знамиња,  истории.

Опасно, критично опасно ќе биде ако се продолжи по истата патека, траекторијата на Груевски, а на Џафери ќе му треба време да покаже дека знае да учи да биде биде политичар, освен што во главата секогаш му одзвонувало дека е војник. Но веќе следниот ден, во Брисел, на реверот стави едно друго знаме, македонско, значка која овој пат е поинаков симбол- дека е подготвен да ги ослушне критиките, негодувањата и разочараноста.

Не само симболички, туку во секој смисол таа значка претставува акт на помирување, свест и добра волја да се прогласи промена во оваа земја. Дебатите за знамињата, за употреба на јазикот, се разбира дека ќе продолжат, а доколку е потребно, тие треба да резултираат со соодветни промени, донесени на демократски и цивилизиран начин.

Но, освен тие дебати и промени, паралелно мора да се говори и делува  за казнивост од корупција, криминал, злоупотреби на власта. И еднакво важно- новата власт мора да знае дека нејзина задача е да работи на еден достоинствен живот,  во финансиска и секоја смисла.

Средбата на Џафери со Могерини, на која му беше јасно кажано дека е претседател на Собранието на сите граѓани, му отвори и нов пат, по кој ќе биде принуден да оди.

  Џафери во Брисел со македонското знаменце на реверот

Тој мора и да ја разбере таа нова наука, тој нов живот, да се биде поинаков, да се припаѓа на сите, наместо само на себе и на своите, но тоа- своите- не смее да се разбере само во етничка смисла, затоа што тоа е секогаш премногу ситно, тажно, бесмислено и пред се опасно.

Затоа, следниот пат кога ќе го видам новиот спикер седнат на бирото, очекувам еден поинаков Талат Џафери. Очекувам да видам конечно и некаков закачен симбол на неговиот ревер, потоа на неговото работно биро, но и позади него, да се вее и поинакво знаме од оние кои претставуваат припадност на една земја или нација.

На тоа знаме да биде прикажан само човек, контури на човек нека има, на кој нема да му пишува на челото, во кругот на срцето и низ целата област на душата- дека е етнички заслепен, помодрен и запенавен.

Само еден обичен човек, кој сака достоинствено да живее, наместо да е на готовс да умира и притоа, да биде подготвен да ги вовлече сите во таа смрт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.