Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кадија те тужи, јавност те суди

0
By Нова ТВ on April 12, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија нема ден, а на вестите да нема барем еден прилог за судски спор. Тие прилози речиси без исклучок се наменети за судските спорови на „големите ѕверки“, небаре тие се единствените кои се заглавени во судските лавиринти.

Просечниот човек во Македонија се соочува со многу побизарни судски спорови, од оние кои секојдневно се главна тема во вестите, но на нив никој не им посветува внимание.

Медиумите се фокусирани исклучиво на судските спорови на политичарите од поранешната и актуелната власт. Често медиумите не внимаваат на тоа како известуваат за судењата на јавните личности, па ја занемаруваат презумцијата на невиност, според која невин е секој се додека на суд не се докаже спротивното.

Добронамерниот Запад, често знае да даде препораки за реформи во правосудниот систем, но она што западните експерти го занемаруваат е традицијата во Македонија.

Корумпираноста на правосудниот систем во Македонија е толку вкоренета, што е присутна и во приказните кои им се раскажуваат на малите деца пред да заспијат. Додека не му однесеш кафе и локум на кадијата, нема да може да го најде селото Зрзе во тефтерот.

Реформите сами по себе не значат ништо. Можеме да ги имаме и најсовршените пишани правила, доколку не ја промениме свеста на народот, нема да промениме ништо.

Потребна е долгогодишна работа на терен за да се искоренат таквите сфаќања кои се присутни со векови, и да започне нова ера во правосудниот систем.

– Учиме право е програма во рамки на Младински образовен форум која цели да ги запознае младите со нивните права, демократијата, правниот систем и концептот на владеење на правото. Во рамки на програмата функцонираат Учиме право клубови во повеќе градови низ Македонија, се организираат обуки за средношколци и студенти, семинари, јавни предавања и функционира Советодавниот сервис за права на млади – пишува на сајтот на МОФ.

Програмата „Учиме право“ се труди да направи промена на терен. Оваа програма постои од 2001 година, а годишно ја поминуваат 200 до 300 средношколци. Досега „Учиме право“ било застапено низ средните училишта во Скопје, Куманово, Велес, Битола и Струга.

– Целта ни е да им овозможиме на младите во Македонија запознавање со основите на правото и да обезбедиме базична правна писменост за остварување и заштита на своите права, но и за доследно почитување и исполнување и на своите обврски – вели Димитар Низамовски од МОФ.

Во минатото, средните училишта гледаа со недоверба и сомнеж кон оваа програма, па затоа ретко кое средно училиште ја отвораше својата врата за младите ентузијасти од Учиме право, но со доаѓањето на новата власт, за среќа тоа е променето.

Промените во општеството кои се прават преку ваквите мали акции, ќе се видат во годините кои следуваат.

Во новинарските текстови неретко се откриваат имињата на обвинетите за сторените прекршочни и кривични дела. Некои медиуми одат дотаму што  сугерираат дека обвинетиот е виновен.

– Медиумите не се само алатка за пренесување на информации во јавноста. Тие претставуваат и еден вид на надзорници и треба будно да ја следат работата на јавните функционери. Дискутабилно е до кој степен тие може да упаднат во приватноста на функционерите. Кога објавуваат информации, генерално, ја имаат предвид моќта која ја поседува лицето. Во Македонија сме сведоци на голем број судски случаи поврзани со „крупните ѕверки“ објавени во етерот. До некаде тоа е корисно имајќи предвид дека тие личности сносат јавна одноворност, но тоа не е целосната слика. Голем број на граѓани, кои имаат судски спор, наидуваат на многу пречки барајќи ја правдата, но тие не се интересни за медиумите – вели Симона Јосифовска која е магистер по административно право.

Не би сакала да се ставам во улога на адвокат на обвинетите политичари, но тоа што тие однапред се осудени од јавноста не му се помага на судскиот процес. Тие се обвинети и осудени од јавноста, па така се занемарува докажувањето на нивната вина. Има и такви случаи во кои се донесува ослободителна пресуда за јавни лица кои веќе се осудени како виновни од јавноста. Повторно, не би сакала да се ставам во нивна одбрана, но со тоа само се покажува колку е вкоренета во нашата традиција извитопереноста на правосудниот систем.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

„Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа правосудство реформи Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.