Триесет и две годишен жител на Злетово синоќа починал откако проголтал непозната прашкаста материја за време на контрола на граничниот премин Делчево при влез во Република Македонија, соопшто МВР.
Прашкастата материја која ја проголтал починатиот била пронајдена кај него при претресот. За случајот е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според МВР синоќа со патничко моторно возило „Мини купер “ со бугарска национална ознака се пријавил Д.А.(32) од Злетово, кој го управувал возилото, а како совозач било 18 годишно лице од Пробиштип. При преглед над лицата и на нивниот личен багаж, кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја.
Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал. Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде околу 22,00 часот починал, соопшти МВР.




