Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија, и покрај успешниот настап на Даниел Кајмакоски со песната „Autumn leaves“.
– Дадовме се од себе на сцената и верувам дека емоцијата на „Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на „Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи, рече Даниел по завршувањето на првото полуфинале.
За својот настап, Кајмакоски од своите колеги од македонската музичка сцена доби многубројни честитки.
Од 16 кандидати во првата полуфинална вечер на Евровизија, во финалето се пласираа 10 земји, и тоа Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Србија и Белгија.
Во финалето на Евровизија, на 23.мај (сабота), ќе се натпреваруваат 27 земји.