Дирекцијата за заштита и спасување на својата веб страна има објавено прирачник или упатство за постапување на граѓаните при случаи на земјотрес.
Во потрага по упатства, а во отсуство на апели од надлежните, граѓаните пишуваат на социјалните мрежи и споделуваат информации за тоа како најдобро да се заштитат откако три посилни, но нефатални земјотреси го зафатија Скопје од утрово наваму.
На овој линк отворете го упатството.
Освен овие упатства, официјалниот Веб сајт на Црвениот крст укажува на неколку правила (следниов линк- http://www.redcross.org/prepare/disaster/earthquake:
Вратите не се посилни од било кој друг дел од структурата па не се потпирајте на нив за да се заштитите.
За време на земјотресот, скријте се под здраво парче на мебел и држете се (сосема свиткани). Тоа ќе ви помогне како засолниште од паѓање на предмети кои би можеле да ве повредат за време на земјотрес.
На следниов линк се упатства за заштита од земјотрес на официјалниот сајт на американскиот Департмент за внатрешна безбедност- https://www.fema.gov/earthquake-safety-home