Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се примора ЕК да го отвори прашањето за “случајот Груевски”

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 28, 2018 17:39

Во очи дебатата за Македонија во Европскиот парламент што се одржува доцна вечерва, унгарскиот европратеник од Социјалдемократската група, Питер Нидермилер, за МИА објаснува кои чекори ги преземаат европратениците за да ја примораат Европската Комисија да реагира на случајот со Груевски.

Во наредните недели, најверојатно пред божиќните празници, европратениците ќе побараат темата да се стави на дневен ред на ЛИБЕ комисијата, односно парламентарната комисија која се занимава со човекови права и слободи.

-Прво ќе испратиме меѓупартиско барање за дискусија во ЛИБЕ комисијата затоа што мора прво да се дискутира на ниво на комисија, а потоа комисијата може да даде предлог до конференцијата на претседатели да се стави на дневен ред на пленарна седница. Се надевам дека ќе имаме доволно пратеници кои ќе го поддржат предлогот, вели европратеникот за МИА.

Доколку биде прифатено, темата тогаш би се отворила како дебата на пленарна седница на Европскиот Парламент, најрано во јануари. За тоа е потребна доволна поддршка од главните политички групи во ЕП. Европратеникот е уверен дека ќе добијат таква поддршка од повеќето колеги во ЕПП, како и кај Либералдемократите, Зелените и се разбира Социјалдемократите.

-Ќе биде дебата за владеењето на правото, улогата на Унгарија во целиот процес и како да се справиме со оваа ситуација, човек кој е осуден во својата земја на демократски начин за корупција и потоа земја членка на ЕУ го поддржува политички, ова не можеме да го прифатиме, ова е европско прашање, вели Нидермилер.

Сепак, за сега шансите ова да се преточи во резолуција на Европскиот Парламент не се извесни, бидејќи за тоа е потребно “повеќе од доволна поддршка, туку широка поддршка” објаснува за МИА европратеникот.
Преку резолуција, притисокот врз другите европски институции и врз земјите членки би бил поголем.

-Ако имаме дебата, ќе видиме дали има реална можност за резолуција. Ако имаме дебата ќе биде голем успех, не сум сигурен дека ќе стигнеме до резолуција, но можеби работите ќе сменат во следните недели, но не сум сигурен дека ќе има резолуција, вели Нидермилер.

Но, додава тој, “по дебатата во ЛИБЕ комисијата, Европската Комисија ќе биде приморана барем да испрати писмо или мислење, целава работа е далеку од завршена.”

За дискретноста на реакциите на другите европски институции, Питер Нидемилер објаснува дека “господинот Хан испрати писмо до унгарската влада со барања за објаснување, така што сигурен сум дека ќе има и други начини да се зборува со унгарската влада.”

Европратеникот не очекува Унгарија да го смени ставот во однос на почетокот на преговорите со Македонија и покрај тоа што му одобри азил на Никола Груевски цитирајќи го недостатокот на независност на македонското судство.

-Не знам кои се намерите на унгарската влада, тие пробаа да објаснат дека случајот со Груевски е изолиран од проширувањето и дека ќе продолжат да ја поддржуваат во Македонија. Знаете, во Европскиот Парламент толку многу пратеници и политички партии ја поддржуваат Македонија, што не менува многу што мисли Унгарија, вели тој за МИА.

За Нидермилер е “незамисливо” Унгарија да го блокира процесот на проширување на ЕУ кон Западниот Балкан.

Европскиот парламент вечерва ќе дебатира за резолуциите на балканските држави а утре на дневен ред е гласањето на резолуциите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.