Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Како и да заврти и што и да напише или изјави човекот премиер ич не е раат по ова со Таравари

0
By Zoran Ivanov on May 14, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 14, 2025 00:30

Зоран Иванов

Колку актуелниот премиер и да прикажува рамнодушност во неговото владеење и јавните настапи, веројатно е доволно паметен за да просуди дека работата не му се движи на арно.

Политичкиот доктор Таравари му ги замрси сметките.

Му го стори тоа некако ненајавено. Дури шокантно.

Па, сепак, гледано од страната на потегот на Таравари, гледано политички, неговиот чин да апстинира од власта, баш и не е само благ шок за Мицкоски како што тој тоа се

обидува да го прикаже.

Со неговото гатање „имаме мнозинство“, тој, Мицкоски, само покажува дека е во некаков не баш пријатен немир и сосема му е јасно дека сега во коалицијата ги има само трошките од тој лански мајски изборен ресурс од албанскиот гласачки анти ДУИ потенцијал. Од тој комотен квантум пд електорат.

Од гласачите Албанци кои преку ВЛЕН му ја дадоа таа изборна анти ДУИ “албанска“ поддршка и му го легитимираа владиниот коалициски капацитет.

Власта актуелна, оваа сега на чело со ДПМНЕ, со оваа авантура или со оваа политички мудра и пресметлива игра на докторот Таравари, како и да се заврти, се најде во небрано.

Не само што загуби, да речеме, пет пратеници што во контекстот „парламентарен“ тоа е помалиот минус, туку, колку и да сака тоа да го прикрие, ДПМНЕ и Мицкоски, полека но сигурно, го губат ланскиот мајски, дозволете за терминот, албанскт гласачки електорат.

Арогантноста спрема, еве, нека е и корумпираната ДУИ, сега, со потегот на АА на Таравари, ДПМНЕ и Мицкоски ги ставаат во една, навидум латентна и засега безопасна но сепак, гледано политички, малку или малку повеќе, ризична ситуација.

Најголемиот предизвик на таа дилема веројатно ќе му биде одлуката за локалните во смисла само локални или локални заедно со парламентарни.

А тоа, барем засега, е она угоре високо, удолу длабоко па, на крајот, секогаш излегува дека политичката препотентност и партиската ароганцијата неминовно си имаат своја кулминација.

Си имаат свој зенит кој доколку

на време не го процените, ако ве опие власта и ако на време бар чекор, два, не отстапите, провалијата не ви гине.

Политичката, секако, па, затоа сега …

Сега нека си види.

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.