НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Јапонија се справува со земјотресите?

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Слободанка Јовановска, Токио

– Имавме најсилен земјотрес, ни се случи најсилен ураган, ни фали само уште Годзила, е најцитираната реакција на социјалните мрежи по серијата природни несреќи што ја погодија Јапонија во последниот период. По серијата земјотреси летово во Албанија и овие што се случија рано утринава, јасно е дека и ние овде не сме заштитени и дека треба подобро да се подготвиме за катастрофи како оваа, а со цел да страдаат што помалку луѓе и штетите да бидат што помали.

Јапонија, земјата на сеизмички најактивното подрачје во светот, со повеќе земјотреси во историјата над 8 степени и со вториот најголем во светот од 9,1 степени што се случи во март во 2011 година, направи наука од справувањето со земјотресите и стана водечка земја во превенција на жртвите и штетите. Како тоа изгледа во секојдневната практика, може да се види низ повеќе сфери во земјата. Иако сите во Јапонија ќе ви кажат дека се плашат и натаму од земјотресите, подготвени се како да се справат, пред се за да си ги спасат животите.

За таа цел во Токио, град со стотици облакодери и масивна подземна железница, е формиран специјален Парк за превенција на катастрофи „Ринкаи“ од над 12 хектари, во кој треба да функционира седиштето на главното владино тело за справување со катастрофи, ако се случи земјотрес од таква магнитуда (над осум степени), уништувачки ураган или пожар. Во самиот парк има хелиодром за слетување на хеликоптери, болница и центар за подготовка на граѓаните во кој секојдневно се стимулира земјотрес од 7,3 степени, за да знаат како ќе изгледа во реалноста, како да се евакуираат, што може да им се случи и како да се справат првите 72 часа – бидејќи проценките на експертите тука се дека толку ќе и треба на владата при вакви катастрофи да воспостави систем за справување со последиците.

Во објектот на две нивоа „учењето“ почнува уште од лифтот во кој додека се возите ве тресат 7 степени според Рихтер. Во првото ниво од објектот се сочувате со симулации на реални ситуации и совети како да ги избегнете, како на пример да се држите подалеку од електрични столбови, каде да се заштитите во своите домови (советот е не да стоите до ѕидовите туку под маса или друг поцврст мебел), дали да бегате (особено од облакодерите, што не се препорачува) или не, да се заштитите со влажна крпа на уста, да ја заштитите главата од удар и слично. По советите за евакуација, влегувате во зоната за справување потоа, во првите 72 часа, каде што се изложени практични решенија како да се сместите, како да си обезбедите тоалети, како да си помогнете при скршена рака, како од празни шишиња со вода да си направите маса и слично.

Највпечатлив дел е видеото направено специјално за овој центар во кое е прикажано како ќе изгледа Токио ако му се случи земјотрес од разурнувачка сила, што во Јапонија веќе не е осум степени, поради силните законски регулативи како да се гради сеизмички и какви процедури да се испочитуваат. Практика е зградите да се проектираат така што ќе можат да вибрираат, или попрецизно да се нишаат место да бидат крути и да се урнат. Во центарот за превенција, кој има огромна посетеност, исто така, се нудат и  информации за претходните земјотреси, за штетите од нив, ќе слушнете лични сведоштва од луѓе што преживеале вакви несреќи за да се учите од нивните искуства, ќе дознаете каде се вашите локални центри за справување со кризи и слични нешта.

Во Јапонија ништо не е оставено на случајноста, а најмалку на Господ, па така уште од основно училиште децата учат како да се однесуваат за време на земјотреси, урагани и други катастрофи. Дел од редовните активности во училиштата се вежбите за евакуација кои се одржуваат десет пати во текот на годината, а еднаш и голема вежба во која ќе биде вклучена целата локална заедница. По големиот ураган пред еден месец кој го погоди островот Хоншу и во кој загинаа речиси стотина луѓе, а 7 милиони беа евакуирани, темелно се проценува подготвеноста и брзината за евакуација, како и слабостите, за да бројот на човечки жртви биде уште помал.

Како изгледа тоа во практика се уверивме во основното училиште Гохонги додека се изведуваше вежба за евакуација која траеше 3 минути и дваесетина секунди. Толку им требаше на првооделенците и сите останати да обезбедат шлемови за главите, да се заштитат под масите, да се заштитат со влажни крпи од прашина или отровни гасови и организирано да излезат од училиштето во сигурна средина – во училишниот двор. Потоа заедно со директорката на училиштето ги разгледуваа резултатите и ги оценуваа позитивните аспекти или недостатоците.

Справувањето со земјотресите во Јапонија е претворено во вештина и во наука, за да луѓето се чувствуваат и живеат нормално, и покрај тоа што знаат дека земјотресите се неизбежност и реално минорни тресења се регистрираат секојдневно. Според специјалниот Координативен комитет за прогнозирање земјотреси, теоретски е можен земјотрес од десет степени според Рихтер кој би бил 30 пати посилен од тој што и се случи на Јапонија во март во 2011 година, кој беше од 9,1 степени и кој резултираше со околу 16.000 жртви, над 2.500 исчезнати, кој предизвика цунами од десет метри и огромна штета на објекти и на инфраструктурата, како и на четири нуклеарни електрани, пришто светот особено го вознемири состојбата со нуклеарката во Фукушима.

Според експертите на Комитетот за прогноза на земјотреси, земјотрес со магнитуда од десет степени би предизвикал придвижување на тлото до еден саат и цунами што би траело неколку денови, но може да се случи теоретски еднаш во 10.000 години во Јапонија, бидејќи како земја лежи дури на три тектонски плочи во Пацификот. А Јапонија е втора најнаселена земја во светот, Токио има над 13 милиони жители и со околината дури 38 милиони, во Токио е најголемата железничка станица во светот Синџаку, над 90 отсто од Јапонците живеат во градовите, а Шумбаја е најфотографираната крстосница во светот – не заради облакодерите и рекламите, туку бидејќи изгледа како мравјалник од луѓе.

Печатени водичи како да се однесуваат во подземните железници, на улиците и во облакодерите редовно им се на дофат на граѓаните, кои од нив учат дали на пример да повлечат кочница во метрото ако има земјотрес, дали да излезат од возовите веднаш или да почекаат до првата станица, како да се однесуваат на станиците или каде да бегаат во случај на поплава од ураган или цунами.

Во нив исто така се информираат каде се автоматските врати што се затвораат за да спречат прилив на вода, каде се апаратите за пожари, каде се светлата што се палат во вакви ситуации и ги водат до излез, кога се вклучуваат специјалните генератори за струја што спречуваат метрото да остане во мрак, какви пумпи се инсталирани внатре за да ја исфрлаат водата, каде се вентилаторите и слични нешта. Што правиме ние за да преживееме ваква катастрофа? – Одговорот е – снаоѓајте се сами, систем за превенција има во теорија, ама никој не знае за него ниту го пробал.

 

земјотреси Јапонија превенција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.