Некои директори на училишта стравуваат дека штрајкот може да го помести планот за запишување нови ученици.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Андреј Манолев, директорот на гимназијата „Никола Карев“ вели дека можно е да се пролонгира учебната година, а тоа да влијае и на уписите, пренесува агенцијата Мета.
„Уписите се на 14, 15 и на 16 јуни. Законски, во основните училиште сабота е неработна, па не знам како ќе го одработат пропуштеното, кога нема да има кога, ако биде одлучено да се работи во саботите. Дали ќе имаат време професорите да предадат сè што е предвидено со програмата, за да потоа формираат оценки, останува неизвесно. Не се знае дали ќе се пролонгира школската година или ќе има скратена варијанта на наставните програми, за да можат учениците да бидат оценети, а потоа и да можат да поднесат документи за упис“, вели Манолев.