Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ќе се чуваат „бомбите “ на Заев

0
By Сашка Цветковска on December 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 24, 2015 14:04

Во тек се подготовките за чување и пребарување на материјалите стекнати од незаконското прислушување кои се наоѓаат кај лидерот на Социјалемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев, велат за НОВА одд специјалното јавно обвинителство.

„Се подготвуваат физички услови за чување на материјалите, софтвери за пребарување за коишто се обучува и кадар и се издаваат безбедносни сертификати за луѓе и тоа е процес кој скоро ќе заврши. “, велат од специјалното обвинителство додавајќи дека Зоран Заев има законска обврска да ги предаде материјалите, а тие во следните денови ќе информираат детаљно за овој процес

Според Договорот од Пржино, предавањето на прислушуваните разговори требаше да се реализира до 30 ноември годинава. Откако рокот истече и оваа обврска не беше реализирана, провлаадините медиуми шпекукираа дека Зоран Заев одбива да ги предаде материјалите. Тој во неколку наврати изјави дека „материјалите ќе бидат предадени тогаш кога за нив ќе биле создадени услови“.

Специјалното обвинителство гарантира дека материјалите ќе бидат чувани со највисок степен на безбедност и дека ќе постои сериозна селекција кој се ќе има пристап до тие материјали.

Во меѓувреме, јавното обвинителство отвори случај за аферата „Фабрика за лични карти“ и вчера на прес конференција соопшти дека во компјутерите на лицата затекнати во станот каде што наводно се изработувале документите се пронајдени десетици илјади телефонски разговори. Медиумите блиски до власта повикувајќи се на извори од истрагата пишуваа дека овие разговори биле од „бомбите“ на Заев, додека јавното обвинителство се уште не посочило кои се овие разговори и дали овие снимки се од бомбите, ниту , пак, одговори зошто нема кривични пријави против лицата затекнати во „фабриката за лични карти“.

Аферата отвори сомнежи околу тоа како се чуваат „бомбите“ во седиштетот на СДСМ. НОВА побара од СДСМ да појасни како се грижат за безбедноста на материјалите и дали снимките најдени во компјутерите се дел од „бомбите“.

„Безбедноста на материјалите што ги поседуваат СДСМ е загарантирана, а што се однесува до материјалите за кои што зборува обвинителството, чекаме истрагата да покаже чии се и од каде се тие снимки“, велат за НОВА од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.