Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како се гуши вистината

0
By Zoran Ivanov on June 17, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2026 13:08

Моделите никогаш не се копираат целосно. Но се копира нивната логика. А логиката е едноставна, ако сакаш долгорочно да владееш, мораш да го контролираш просторот во кој граѓаните ја формираат својата перцепција за реалноста. Затоа критичките медиуми се претставуваат како непријатели. Независните новинари се означуваат како политички активисти. Граѓанските организации стануваат сомнителни. Секој што поставува прашања се прогласува за дел од некаква мрежа која работи против државата. Но контролата не завршува со медиумит е ...

Жанета Ќосе

Во политиката постојат многу начини за освојување на власта, но само неколку начини за нејзино долгорочно одржување. Еден од нив е контролата врз информациите. Не преку формална цензура, која е лесно препознатлива и тешко одржлива во современите демократии, туку преку создавање систем во кој медиумите постепено престануваат да бидат коректив на власта и стануваат нејзин инструмент.

Токму таков модел со години се развивал во Унгарија под водство на Виктор Орбан. Деновиве независниот унгарски истражувачки портал Директ36 објави анализа базирана на стотици интерни документи и електронски пораки од државната новинска агенција МТИ, кои откриваат како функционирал механизмот на политичка контрола врз јавниот информативен систем.

Според документите, луѓе од најблиското опкружување на Орбан не само што влијаеле врз уредувачката политика, туку директно диктирале кои пораки треба да бидат нагласени, кои наслови да се користат и кои теми да добијат публицитет. Во пораките се инсистирало на буквално преземање на соопштенијата од министерствата, без редакциска интервенција. Дел од настаните на власта намерно биле сокривани од независните медиуми за да се спречат незгодни прашања и критички известувања.

Ова не е само приказна за Унгарија. Ова е приказна за модел. Модел кој во последната деценија беше пресликан во Србија под водство на Александар Вучиќ. Таму контролата врз медиумскиот простор не се остварува преку забрани, туку преку комбинација од политички притисок, економска зависност, селективен пристап до информации и постојана пропагандна продукција. Резултатот е медиумска сцена во која власта доминира со часови и денови, додека опозицијата се појавува претежно како предмет на напади, дискредитации и навреди.

Во таквиот систем медиумите не информираат. Тие мобилизираат. Не поставуваат прашања. Тие пренесуваат пораки. Не контролираат власт. Тие ја репродуцираат нејзината слика за реалноста.

Затоа прашањето денес е дали и Македонија се движи по истиот пат.

Не е тајна дека дел од главните советници на Христијан Мицкоски во изминатите изборни циклуси доаѓаа токму од круговите блиски до Орбановата политичка машинерија. Не е тајна ниту дека меѓу најважните меѓународни поддржувачи на актуелната власт беа личности од кабинетите на Орбан и неговите соработници. Особено впечатлива беше улогата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој денес е предмет на бројни контроверзи поврзани со неговите блиски односи со Русија и политиките кои често се косат со заедничките европски позиции.

Моделите никогаш не се копираат целосно. Но се копира нивната логика.

А логиката е едноставна, ако сакаш долгорочно да владееш, мораш да го контролираш просторот во кој граѓаните ја формираат својата перцепција за реалноста.

Затоа критичките медиуми се претставуваат како непријатели. Независните новинари се означуваат како политички активисти. Граѓанските организации стануваат сомнителни. Секој што поставува прашања се прогласува за дел од некаква мрежа која работи против државата.

Но контролата не завршува со медиумите.

Таа навлегува и во општествените односи. Се создава атмосфера во која лојалноста станува поважна од компетентноста. Во која напредувањето не зависи од резултатите, туку од политичката послушност. Во која луѓето се охрабруваат јавно да ја демонстрираат својата припадност преку навреди кон политичките противници и безусловна поддршка на лидерот.

Најциничниот дел од таквиот систем е што понижувањето се претставува како привилегија.

Од луѓето се бара јавно да се откажат од сопствениот интегритет, да ги напаѓаат оние што вчера им биле колеги, пријатели или сограѓани, да ги повторуваат зададените пораки и да ја демонстрираат својата верност. За возврат добиваат работно место, функција или позиција која често не носи ниту посебен статус ниту значителна економска сигурност. Но се очекува да бидат благодарни. Да бидат среќни. Да веруваат дека тоа е наградата што ја заслужиле.

Во таквиот систем лојалноста не е средство. Таа станува цел сама по себе.

Истовремено, јавниот простор се претвора во огромен комуникациски балон. Од една страна е Гутенберговата галаксија – телевизиите, порталите и весниците кои секојдневно ја произведуваат официјалната верзија на реалноста. Од друга страна се социјалните мрежи, каде алгоритмите, организираните мрежи на поддржувачи и фабриките за содржини создаваат впечаток на масовна поддршка и општествен консензус.

Целта не е луѓето да поверуваат во се што слушаат.

Целта е да престанат да веруваат во било што друго.

Токму затоа примерот што го открива Директ36 е важен. Не затоа што кажува нешто што досега не сме го знаеле, туку затоа што покажува како изгледа механизмот кога некој ќе го отвори и ќе ги покаже неговите запчаници. Како се пишуваат насловите. Како се избираат темите. Како се нагласуваат пораките. Како се исклучуваат неподобните.

Секоја демократија има право на политичка борба. Но ниту една демократија не може да опстане ако медиумите престанат да бидат место каде се судираат идеи и станат место каде се репродуцира волјата на власта.

Кога тоа ќе се случи, ентропијата не ја зафаќа само медиумската сцена. Таа го зафаќа целото општество.

А тогаш најголемата жртва не е опозицијата. Не се ниту новинарите.

Најголемата жртва е вистината.

 

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.