Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2026 15:41

ВЛЕН молчи на понижувањата кои ДПМНЕ и ЗНАМ им го приредуваат на Албанците веќе две години. Исто како што Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски молчат пред понижувањата кон Северна Македонија и историјата на македонскиот народ која ни ја приредува авторитарниот режим на Вучиќ и државата Србија. Страв од посилниот, ароганција и сила кон послабиот е заедничкиот принцип на владеење на сите партии од оваа власт.

Џелал Хоџиќ

Полека се навршуваат речиси две години како новата власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, ги креира политичките процеси во државата. Резултатите се катастрофални, буквално на секое поле. Изолирана држава од демократскиот и цивилизиран свет, со стопирана европска перспектива. Економските показатели ги вклучуваат сите можни аларми дека работите се движат во погрешна насока. Јавното здравство лошо, доволно е да отидете по болниците и од прв поглед ќе ви стане јасно дека сѐ е запоставено. Образованието пред најавени лоши одлуки, кои ќе остават тешки последици посебно врз младите. Системот на социјална заштита е на апарти, прашање на време кога ќе може да се прогласи за „умрено“.

Иако беше јасно дека наративите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ водат кон изолационистичка политика на новата власт (со сите предвидливи последици за општеството и економијата), политичките партии од коалицијата ВЛЕН своето учество во новата власт го аргументираа со најава дека ако не се откочи европскиот пат, ВЛЕН ќе ја напушти Владата на Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски за шест месеци. Од тогаш веќе проаѓаат четвртите по ред „шест месеци“, владата влезе комплетно во филмот на Александар Вучиќ и Виктор Орбан, а овие од ВЛЕН веќе како да не ни смеат да ја спомнат идејата дека Северна Македонија требаше да влезе во ЕУ до 2030 година, заедно со Црна Гора и Албанија.

Надежта за подобро утре премиерот Мицкоски ја убива со јасни изјави дека власта е спремна да чека со децении и генерации за нов контекст, во кој би го продолжила европскиот пат на државата. Јасните намери за стопирање на европската иднина на државата се придружени со стратешки партнерства со авторитарните режими на Орбан и Вучиќ. Сѐ тоа убаво објаснето во последниот годишен европски извештај за напредокот (читај застојот) на државата, како и во законот за Западен Балкан, усвоен во САД. Самоизолираната држава, со јасна перцепција дека станува збор за сопствена желба, повеќе никој не ја притиска, ниту од САД, ниту од ЕУ. Тоа е поволна позиција власта да продолжи со уништувањето на државата уште позасилено.

Изјавите на премиерот Мицкоски за спремноста власта да чека со децении и генерации за продолжување на европската интеграција не предизвикаа суштински реакции од лидерите на политичките партии со кои ВМРО-ДПМНЕ ја сочинува власта. Максим Димитриевски и ЗНАМ секако идеолошки се вклопуваат во интересите на она што се нарекува „Српски свет“ и неговото негативно влијание во Северна Македонија. Сепак, зачудува леснотијата како овие изјави така лесно проаѓаат без суштинска реакција од лидерите на ВЛЕН.

Се добива впечаток дека Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши се отакажле од европскиот пат на Северна Македонија, само за да бидат дел од власта. Сѐ што граѓаните читаат, слушаат и гледаат од ВЛЕН е „ДУИ ова, Ахмети тоа…“. А и тој дел очигледно координиран со ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека за овие од ВЛЕН не претставува проблем граѓаните да го чекаат подоброто утре со децении, додека позициите во власта ги држат они. За Европа и Запад кога во се опозиција, а кога се на власт не им е проблем ниту Вучиќ, ниту Орбан, ниту дека и државата со која и они владеат стана прокси на Путин и Русија.

Не им е важна ниту проевропската ориентација на нивното гласачко тело, доволно им е дека им се совпаднал интересот со Албин Курти. Баш како што на Мицкоски и Димитриевски им се сретнале интересите со оние на Вучиќ. А во последно време и Вучиќ и Курти како да немаат повеќе расправии околу Северот на Косово, откако нивните пулени во нашата држава заеднички ја сопреа европската иднина на Северна Македонија. И Вучиќ и Курти задоволни, а и граѓаните на Северна Македонија заложници на нивните пулени, за нивни интереси.

Сето ова ВЛЕН го турка без ни малку срам, додека влијанието на „Српскиот свет“ има за цел и дефакторизација на Албанците како народ во нашата држава, со цел да може деструктивната политика на Србија дополнително да се факторизира во БиХ, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Со други зборови: На „Српскиот свет“ не им претставува проблем политиката на ВЛЕН, таа испадна посакувана. Всушност, на „Српскиот свет“ му пречи демократската и прозападната политичка определба на граѓаните – Албанци. Во меѓувреме, на ВЛЕН не му преставува никаков проблем било какво нарушување и погрешно толкување на Охридскиот рамковен договор и правата на Албанците, само они да се дел од власта.

Истиот овој инженеринг, но во помали форми и со многу помалку труд, а поради помалкубројноста на другите народи во државата, пресликајте го и кај Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите, па и кај оние кои не се спомнати во преамбулата Торбешите, Египќаните…

За власта која Северна Македонија ја направи територија за влијание на „Српскиот свет“ прифатливи се само оние кои ја прифаќаат политичката оска Белград-Будимпешта-Москва. Ако си за Путин, Вучиќ и Орбан, тогаш за овој систем ти можеш да бидеш и добар Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Србин… Само тогаш си прифатлив и како добар православец, муслиман, па и атеист. Но не си пожелен ако ја застапуваш позицијата за остварување на стратешката цел на државата – членство во ЕУ.

ВЛЕН молчи на понижувањата кои ДПМНЕ и ЗНАМ им го приредуваат на Албанците веќе две години. Исто како што Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски молчат пред понижувањата кон Северна Македонија и историјата на македонскиот народ која ни ја приредува авторитарниот режим на Вучиќ и државата Србија. Страв од посилниот, ароганција и сила кон послабиот е заедничкиот принцип на владеење на сите партии од оваа власт. И секако, да се запази консензусот околу тоа дека ништо не е свето, само да тераат тендерите и поволностите од власта. А сето тоа проследено со посебните пропагандни наративи, секој за својата публика и гласачи.

Ете така, шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски. Пропагандистите на ВЛЕН кренаа раце од европската иднина на Северна Македонија и граѓаните. Они сега на полето на надворешната политика имаат поважна работа, треба да ја хејтаат Вјоса Османи, во интерес на Албин Курти. Како што пропагандистите на ВМРО-ДПМНЕ ги хејтаат протестите на студентите во Србија, во интерес на Вучиќ.

Само останува да видиме како ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе се искординираат во наративот против студентите Албанци кои протестираа во понеделникот. Нека побараат помош од Вучиќ и Орбан, многу примери имаа во регионот во последно време.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.