Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како со марионети си играат со нас, Александар Вучиќ е сит од игрите на ЕУ

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не беше фер Србија во Брисел да очекува дека ќе добие отворање на нов кластер, кога Северна Македонија 17 години има статус на кандидат за членство со ЕУ, а Албанија осум години, а и двете не добија датум за почеток на преговори, па затоа наше беше да покажеме солидарност и со братскиот македонски народ и пријателскиот албански народ, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква порака праќа Брисел со доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија, а Западниот Балкан не бил суштинска тема.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во врска со иницијативата „Отворен Балкан“ и односот на ЕУ, Вучиќ истакна дека е „сит од игрите на ЕУ“.

– Сит сум од тие игри на ЕУ и игрите на луѓето од регионот. Секогаш гледаaт како да се оцрниме едни со други, за да овие можат да си играат со нас, како марионети. Затоа „Отворен Балкан“ е многу важен и затоа  имав благ и балансиран речник, ги подржав нашите браќа и пријатели, кои имаа големи очекувања, а не беа исполнети. Говорам пред се за Македонците, кои чекаа одобрување од бугарскиот парламент, но не и одобрување кое ќе значи дека мораат повторно да го менуваат Уставот или не знам што се, што секако е нивно да се договорат, изјави Вучиќ.

Како што нагласи тој, на Самитот во Брисел, Западниот Балкан не бил суштинска тема, туку главна тема била Украина.

Околу обидите за менување на преговарачката рамка на ЕУ за Србија околу признавањето на Косово, Вучиќ оцени дека земјата има веќе утврдена преговарачка рамка која не може да се менува.

Вучиќ изрази надеж дека во декември Србија ќе може да отвори нов кластер и во рамките на тоа ја спомна иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница, што, според него, би значело можност за поголемо присуство на разговорите, во кои би можеле да го чујат Белград, а со отворањето на кластерите земјата ќе може да смета на поголеми износи на пари преку европските фондови и во изградбата на политики во поедини области.

Вучиќ рече дека позицијата на Србија е многу тешка околу воведувањето санкции кон Москва, бидејќи ЕУ веќе ја избрала страната во руско-украинскиот воен конфликт и повеќето земји се во војна со Русија и праќаат огромни количества оружје за Украина.

Александар Вучиќ Брисел српскиот претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.