Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинески „Хуавеј“?

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 8, 2024 23:43

Официјализирањето на намерата на унгарскиот оператор „4iG“ за влез на домашниот пазар ја разбранува домашната политичка јавност пред се поради фактот што станува збор за компанија која, според унгарските истражувачки медиуми, важи за една од омилените на неприкосновениот владетел во Будимпешта – премиерот Виктор Орбан.

Но, „4iG“ во нашиот случај, покрај релациите со владејачката постава на Виктор Орбан, носи и друго прашање – овој оператор има стратешко партнерство со кинески „Хуавеј“, што се коси со домашното законодавство кое бара набавка на современа 5Г-мрежа исклучиво од доверливи добавувачи меѓу кои не спаѓаат кинеските гиганти.

Веруваме дека владата ќе продолжи да го штити интегритетот на мрежата, да избегнува недоверливи добавувачи на хардвер и софтвер и да обезбедува сигурен и етички 5Г-екосистем во Северна Македонија, велат од Амбасадата на САД во Скопје

На владината седница одржана пред два дена министерот за транспорт Александар Николоски информирал дека е пристигнато официјално писмо за намери од унарскиот телекомункациски оператор „4iG Групација“

4iG Групацијата` изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на `4iG Групацијата` за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан. `4iG Групацијата` е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE“, пишува во соопштението објавено по владината седница.

Само неколку дена пред седницата на Владата, министерот Николоски беше во Будимпешта каде се сретна со претседателот на „4iG“, Гелерт Жасзаи.

Веруваме дека воспоставеното искуство на `4iG Групацијата` во телекомуникациската индустрија, комбиниранo со нејзината стручност во регионални рамки, може ефикасно да се искористи и на македонскиот пазар. Оваа иницијатива ветува значителни придобивки за двете страни, а може да биде поволна особено за граѓаните на Македонија, бидејќи и Македонија и `4iG Групацијата` делат заедничка визија за поврзано и дигитално напредно општество, пишува во соопштението од Министерството за транспорт по средбата меѓу Николоски и Жазсаи во Будимпешта.

Причинско-последичната врска меѓу посетата на Николоски на Будимпешта и писмото за намери на „4iG“ е лесно воочлива. Па, логичното прашање што се неметнува е која е „4iG“, компанијата која сака да влезе во земјава.

Истражувањата на дел од унгарските медиуми, како Директ36 „4iG” ја врзуваат директно со премиерот Виктор Орбан, нарекувајќи ја негова омилена компанија.

Од истражувањето на Диркет36 за врските меѓу Орбан и „4iG“

Директ36 пишува дека „4iG“, со затскриена државна помош за која се претпоставува дека тежи околу 190 милиони евра, во изминатите неколку години прераснала од средна по големина ИТ-компанија, во една од најголемите унгарски корпорации и тоа, според истражувањата на унгарските новинари, се должи пред се на наклонетоста на Орбан и блискиот круг луѓе околу него.

Премиерот Мицкоски во друштва на премиерот Орбан на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон.

Но, потенцијалното доаѓање на „4iG“ во Северна Македонија носи и друго прашање кое не е само од политичка, туку и од правна природа, поврзана со геостратешката ориентација на земјава.

„4iG“ има стратешко партнерство со кинеската „Хуавеј“. Зошто тоа би било проблем за евентуален влез на домашниот телекомуникациски пазар? Затоа што Северна Македонија уште пред 3 години донесе измени на Законот за електронски комуникации со кои, меѓу другото, се предвидува телекомункациските оператори да набавуваат опрема исклучиво од проверени и кредибилни добавувачи.

Операторите при набавката на мрежната опрема:
а) имаат пристап за избор на различни добавувачи и производители на опрема, имајќи ги предвид техничките ограничувања и барањата за интероперабилност на различните делови на мрежата, со цел да ja избегнат или да ја ограничат зависноста од еден добавувач и производите;
б) треба да користат ЕУ – сертификација за компоненти на мрежата, опрема за
корисници и/или процеси на добавувачи и производители, доколку на пазарот се нудат компоненти кои имаат ваква сертификација;
в) треба да користат ЕУ – сертификација за други не – специфични ИКТ производи и услуги, доколку на пазарот се нудат компоненти кои имаат ваква сертификација;
г) го имаат предвид вкупниот ризик на влијание врз снабдувачот и производителот од трета земја, особено во врска со:
– системот на управување,
– постоење на договори за соработка во областа на безбедноста или сродни договори, како што се одлуки за усогласеност во областа на заштитата на податоците,
– дали земјата е страна на мултилатерални, меѓународни или билатерални договори за сајбер безбедност, борба против компјутерски криминал или заштита на податоци“,

Подоцна Агенцијата за електронски комуникации донесе и соодветни подзаконски акти. Измените беа донесени откако во октомври 2020 г. Северна Македонија потпиша меморандум за соработка со Владата на САД (во претседателскиот мандат на Доналд Трамп) кој предвидува пристап на „чисти“ и доверливи производители на 5Г-мрежи.

Со тоа земјава се приклучи на иницијативата предводена од Вашингтон, во која влегоа низа европски држави, а со која дефакто се забранува инсталирање опрема на гигантите како „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ во овие држави поради основани сомненија дека податоците на граѓаните, собрани преку овие оператори, неовластено завршуваат кај кинеската власт.

Премиер Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на Соединетите Американски Држави, Кит Крач во октомври 2020 г.

360 степени ја истражуваше оваа тема и уште во летото 2020 г., пред потпишувањето на овој меморандум и носењето на измените на Законот за електронски комуникации, објави дека тогашната влада на премиерот Заев, по контактите со американски претставници, побарала од најголемиот телекомункациски оператор „Македонски Телком”, во кој државата има речиси 35 проценти удел, да ја преиспита намерата за купување нова опрема за 5Г-мрежа токму од „Хуавеј“.

Зделката со „Хуавеј“ пропадна, а наместо неа во игра влезе „Ериксон“ кој на „Македонски Телеком“ му продаде опрема за 5Г-мрежа вредна 45 милиони евра. Таа е во функвија од февруари 2022 г.

На опасноста од можно влегување на кинески „Хуавеј“ преку унгарски „4iG“ предупреди и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

„Компанијата `4iG`, со која нелегитимната Владата разговара за нов мобилен оператор, има блиска соработка со кинеската Huawei за нов cloud за собирање податоци. Ова е спротивно на интересите на нашите стратешки партнери, како и за критичната инфраструктура во земјата“, нашиша Бектеши на неговиот фејсбук- профил.

За можноста за влез на унгарски „4iG“ со кинеска инфраструктура на пазарот на Северна Македонија, 360 степени побара став и од Амбасадата на САД зашто токму од американската администрација беше инициран процесот со кој кинеските телекомуникациски гиганти завршија на „црна листа“ како некредибилни добавувачи на опрема.

Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја споделуваат целта за заштита на комуникациските мрежи од прекини и манипулации и заеднички потпишаа Меморандум за разбирање за безбедноста на 5Г во 2020 година како дел од тие напори. Веруваме дека владата ќе продолжи да го штити интегритетот на мрежата, да избегнува недоверливи добавувачи на хардвер и софтвер и да обезбедува безбеден и етички 5Г екосистем во Северна Македонија, е ставот на амбасадата на САД на прашањето на 360 степени.

Нема информација дали некој американски претставник ова и директоно и го предочил на владата на премиерот Мицкоски, зашто на крајот на 2023 г. Вашингтон остро реагирал кај врвот на „4iG“ во Будимпешта по потпишувањето на Меморандумот со „Хуавеј“. Линк

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.