Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како живеат децата во центарот во Неготино-вечерва гушкање за поддршка

0
By Менче Атанасова Точи on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 14:48

Граѓани од Неготино вечерва со протестен марш ќе им покажат на жителите од Тимјаник дека немаат од што да се плашат од децата со попреченост. Маршот  ќе го предводи Драгица, девојче со посебни потреби. Целта на маршот е да се испрати пораката дека во Неготино има место за лицата со посебни потреби. Протесниот марш ќе започне од куќата на Драгица и ќе продолжи низ центарот на Неготино каде секој што ќе посака може да ја изгушка Драгица, позната како Гага.

„Ви гарантирам, немате потреба од страв дека вие или вашите деца ќе бидете нападнати. А, тоа дека можете да бидете изгушкани од Гага – тука не гарантирам!!!“, напиша во својот повик  Симон Андов, волонтер на Црвен крст во Неготино.

И додека граѓаните од Неготино се организираат за мирен протестен марш низ улиците на градот, ова од вчера е домот за специјализирано живеење на трите деца кои го напуштија Заводот во Демир Капија. Осум годишниот Павел, заедно со неговите другарчиња, 11 годишниот Дамјан и 16 годишнит Рамче, отсега ќе живеат во овој убаво опремен дом во Неготино, во услови прилагодени на нивните потреби, со многу љубов и внимание од целиот тим кој што ќе се грижи за нив.

Тие имаат пречки во психомоторниот развој и освен Павел кој што е полуподвижен двете други деца се неподвижни. Децата се тивки, на нивните лица се гледа насмевка откако се дојдени тука.  Сега за нив ќе се грижи специјализиран тим од негувателка, социјален работни, дефектолог и физиотерапевт, за разлика од Заводот во Демир Капија каде една негувателка се грижи за 30 деца.

„Овие деца не пречат на никого, не верувам дека на некого вакво нешто може да смета. Мојот син беше 2,5 години во Заводот во Демира Капија. Иако таму даваа максимум, сега гледам насмевка на неговото лице. Ова е како да се дома“, вели Драган, татко на 11 годишниот Дамјан.

Неготино ги прифати ги отвори вратите за овие три деца, поучени и  претходното искуство со здружението Порака кои работат на оваа проблематика.

За разлика од граѓаните на Неготино, жителите на Тимјаник вчера порачаа децата со попреченост да бидат подалеку од нивните деца. Кажуваа различни верзиии, различни приказни дека се соблекувале голи, дека ќе фрлаат со камења по нивните деца, дека во центарот штос е гради нема услови, дека нема вода, дека ќе им сметаат тракторите кои носат грозје, како и тоа дека нивните деца дека не смеат да ги гледаат бидејќи ќе биделе под стрес.

„ Училиштето е во непосредна близина, а нашите деца не смееат да ги гледаат тие деца, изјави една од присутните жени, а на новинарско прашање, зошто, одговори дека „тоа ќе било стресно за нив.

„  Нашите деца играат тука на сред село сами, слободни, а сега  им ја одземете слободата, ќе мора да бидат со придружник. Што ќе се случи ако некое дете фрли камен по нив или ги нападне, рече жител на Тимјаник.

Министерката Царовска, во селото беше пречекана со многу свирежи, со обраќања на висок тон, со закани. Протестот беше под силно полициско обезбедување. Во еден момент тие се заканија дека од септември нема да ги пуштаат децата на училиште.

„Сменете ја одлуката за пренамена на објектот. Ова ни беше гром од ведро небо. Никој ни на сон не можел да сони дека ова ќе се случи во нашето село“, рече еден од жителите, на што министерката ги потсети дека основното образование е задолжително и дека треба да размислат за ваквата одлука.

Министерката им објасни дека условите таму се лоши . Таа им посочи дека ова ќе биде дом каде ќе се ресоцијализираат и ќе имат 24 часовна нега и грижа од цел тим, дека овие деца не можат да наштетат никому.

Овој процес на ресоцијализација што започнува годинава треба да заврши за две до три години. Центарот во Неготино и тој во Тимјаник се дел од проектот за деинституционализација на штитениците од Заводот во Демир Капија каде има вкупно 216 лица. Со проектот е предвидено за две до три години сите тие да бидат ресоцијализирани и вклучени во општеството, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции. Тој е поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и од Европската Унија.

Во Демир Капија може да остане само еден медицински дел за најтешките случаи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.