Оваa сторија покажува како живеат лицата со попреченост кои излегле од Заводот од Демир Капија и од психијатриските болници. Со нив од 2008 година работи Центарот за помош на лица со ментален хендикеп-Порака Неготино. Нивната мисија е да ги отргнат корисниците од институциите од затворен тип за да можат да живеат во мали групни домови каде имаат можност да се ресоцијализираат, да работат и заработуваат, да творат, да одат на одмор, да живеат активно во зедницата.

Порака Неготино веќе имаат оформено 18 станбени единици во кои живеат 86 корисници , а повеќе од 60 се токму од Заводот од Демир Капија. Само во Неготино има 43 корисни кои живеат во 9 станбени единици. Погледнете го видеото во кое ќе можете да ги видите среќните и задоволни лица на корисниците, тие зборуваат за нивните активности, за тоа колку се исполнети како луѓе, за нивниот живот во заедницата.