Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каква е иднината на Специјалното обвинителство со избори на 5. јуни

0
By Нова ТВ on April 9, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното  јавно обвинителство е соочено со неколку сценарија доколку изборите се одржат на 5. јуни – можноста за негово укинување, продолжување на опструкции или нови кривични пријави врзани со скандалот со прислушување.

По бетонираниот став на власта за избори на 5. јуни и најавен бојкот на изборите од страна на опозицијата, дел од аналитичарите кои ги консултираше НОВА сметаат дека Уставниот суд мора да ја има „на ум“ политичката состојба, а Специјалното обвинителство, без разлика на се да продолжи со постапките.

Засега, ниту претседателот на Светскиот македонски конгрес – Тодор Петров ги  повлекува иницијативите за оценување на уставноста на Специјалното обвинителство, ниту Уставниот суд ги разгледува.

-Пред Уставниот суд се четири иницијативи за поништување на Законот за специјално обвинителство, за поништување на измените во Законот за Влада и за поништување на некои одредби од Законот за заштита на приватноста и Изборниот законик – сите донесени врз основа на Договорот од Пржино. Иницијативите ги поднесовме за Уставниот суд веднаш да ги поништи наведените закони, а не да остварува други интереси, освен она за што постои – да ја оценуваат согласноста на законите со Уставот! Тоа бараме судот да го стори веднаш, вели Тодор Петров за НОВА.

todorPetrov

Ваквата состојба би можела да трае со години, а би можела да се реши уште на следната седница, бидејќи судот нема законски рокови до кога може поднесените иницијативи да се разгледаат.

Се зависи од судијата известител кој работи на предметот и кога тој би предложил иницијативата да се стави на дневен ред на Уставниот суд.

Според поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски, судбината на ова обвинителство ќе зависи од нивната работа. Тој смета дека колку повеќе СЈО го стега обрачот околу осомничените, толку поверојатно е да се притисне за негово укинување.

-Да надвладее разумот. Се знае дека иницијативата до Уставниот суд е поднесена со цел да се елиминира Специјалното обвинителство, бидејќи факт е дека колку повеќе напредува со истрагите, толку поголем е стравот кај оние кои смета дека си ја знаат вината. Би било преголем залог на Уставниот суд да го прогласи за неуставно Специјалното обвинителство, бидејќи тоа е резултат на Договор на четирите најголеми политички партии. Јас верувам дека  со оваа иницијатива Уставниот суд ќе оди повнимателно и дека конечно ќе проработи разумот и објективноста кај мнозинството судии, вели Трпеноски на НОВА.

jovan trpenovski

 

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца – Николовска оценува дека опструкции врз СЈО и понатаму ќе продолжат, но според неа, влева надеж тоа што Обвинителството има силна поддршка од меѓународната заедница.

-Се е возможно со ваков состав на Уставниот суд. Очекувам и натаму опструкции, тоа е некаква тенденција врз СЈО, но обвинителите се свесни и знаат која е нивната позиција, но и до кога е нивната работа, така да би повикала реперкусиите да престанат, вели Николовска.

margarita caca nikolovska

 

Специјалното јавно обвинителство се формираше со Договорот од Пржино со цел дскандалот со незаконското прислушување да добие разрешница, но и кривичните дела кои произлегуваат оттаму.

Неделава, ниту опозицискиот лидер Зоран Заев, ниту претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не сакаа да дадат конкретен одговор дали Договорот од Пржино е мртов, иако двете страни имаат  спротивставени ставови околу датумот на изборите.

Од Специјалното јавно обвинителство без оглед на се велат дека продолжуваат со нивната работа како и досега и не би ги коментирале иницијативите за нивно укинување.

Досега оттаму обелоденија три истраги, и тоа предметот „Титаник“ – поврзан со изборните нерегуларности, случајот „Тортура“ за нечовечко апсење на Љубе Бошковски од страна на алфите, како и предметот наречен „Тврдина“ за незаконско уништување на опрема за прислушување во вредност од 10 милиони евра.

Во досегашните предистражни постапки на СЈО осомничени се низа сегашни и екс – функционери од владејачката партија.

 

СЈО Тодор Петров Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.