Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Какви се судбините на дојавувачите на корупција во Македонија?

0
By Нова ТВ on February 6, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 6, 2014 11:56


Какви се судбините на дојавувачите на корупција во Македонија? Немоќта на системот се рефлектира врз поединците – речиси и да нема луѓе кои пријавуваат корупција, а оние кои тоа ќе го сторат, треба да се подготоват за последиците.

Транспаренси Интернешнл- Македонија соопштува дека во неколку наврати им укажала на надлежните институции дека постои неопходна потреба од нормативна заштита на пријавувачите на корупција, со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на коруптивни практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани. Владата го стави овој закон во програмата за 2013 година, поради што на крајот на годината и потсетивме дека рокот е поминат.

Врз основа на анализата на Нацртот на Предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за спречување на корупција ТИ-Македонија констатираше дека:

· Постои потреба од отворање на широка јавна дискусија во која сите заинтересирани страни ќе дадат свој придонес во насока изнаоѓање на соодветни законски решенија и детално разработување на системот на пријавување, а особено на заштита на пријавувачите.

· Мобилизирањето на граѓанскиот и користењето на меѓународните практики и искуства и нивниот придонес во процесот на креирање политики е неопходен предуслов за изготвување на ефикасен и ефективен систем на пријавување.

Во Нацртот воочливо е дека ДКСК добива зголемена и ексклузивна надлежност, како единствена институција до која можат да се поднесуваат пријави. Ова од една страна ги отвора прашањата за легитимноста, што со другите институции и органи до кои на однова на други закони граѓаните доставуваат пријави, како што е Народниот правобранител) или како ќе се постапува во случаи на пријава за незаконитости во работењето на ДКСК, прашањето за ресурсите и капацитети со кои располага комисијата и прашањето кое им претходи на сите прашања, довербата на граѓаните во ДКСК.

Воедно, нацртот не кажува ништо за околностите во кои whistleblowers (дојавувачи) оправдано директно би се обратиле во јавноста или би направиле јавно објавување на друг начин, како и надминување на било кои договорни обврски на доверливост кои се утврдени со Препораките на Советот на Европа.

Секако не помалку значајни се прашањата кои се однесуваат на доверливоста на пријавувачите и заштитата на нивните семејствата кои не се прецизно утврдени односно постои потреба од појаснување на одредени околности.

Поради тие причини ТИ-Македонија смета дека предложениот текст треба да биде повлечен од натамошна постапка се додека во соодветна, партиципативна постапка заснована на анализа на најдобри практики, не се обезбеди текст кој во себе ќе ги инкорпорира како меѓународните стандарди така и добрите практики кои во целост ќе можат да бидат вградени во правниот систем во Република Македонија на начин што ќе ги обезбеди основните (минимум) принципи системите за заштита на пријавувачите („укажувачите„).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.