Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калајџиев: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да кажат зошто не договорија наследник на Јанева

0
By Соња Петрушевска on September 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев не се согласува предметите и обвиненијата од СЈО да преминат во Јавното обвинителство, затоа што тоа предметите ќе се развлечат, судските предмети ќе се забошотат и тоа ќе значи крај за СЈО.

„Ова ќе биде доказ дека нема интерес да има независна институција која ќе се бори со високата корупција и дека СЈО беше злоупотребено“, рече Калајџиев.

За него е нејасно зошто партиите не избраа наследник на Јанева и што е она што се крие во СЈО, што не треба да го види друг обвинител.

„Очигледно таму од самиот почеток се одеше на опција да нема самостоен обвинител и затоа ја избраа Катица, а зошто не избраа наследник на Јанева, треба да ги прашате партиите и правосудните органи. Што има таму за криење допрва ќе знаеме.

Зошто од моментот кога се виде дека Јанева не може да биде реизбрана СЈО се закопува. И кој е овластен – најмалку СДСМ кој дојде со СЈО  на власт, а уште помалку другите, еден орган кој е донесен со консензус да го закопаат без консулатции. Го повикувам и меѓународниот фактор: Зошто преку ноќ дозволи СЈО да се закопа? Јас сум разочаран што ние уште не знаеме кој прислушувал во Македонија што е голема катастрофа, рече Калајџиев пред почетокот на консултациите во Министерството за правда каде се одлучува за новиот Закон за јавно обвинителство.

Тој додава дека Јанева нема ниту законско право, од притвор да делегира предмети на Јавниот обвинител кои ги добила законски и да ги трансферира кај Јовески.

„Законот за СЈО не предвидува сите предмети да преминат во Јавното обвинителство. Таа можност во Законот за СЈО важи само за предметите кои СЈО нема да ги заврши, со оглед на ограничените ресурси и време на дејствување, а во никој случај не важи за сите предмети“, рече Калајџиев пред консултациите во Министерството за правда за новиот Закон за јавно обвинителство.

И од Блупринт – коалицијата на невладини организации за реформи во правосудството се согласуваат дека СЈО треба да продолжи да функционира со својата независнот и автономија.

„Ова би се постигнало доколку СЈО се доведе на ист ранг како Обвинителството за организиран криминал, со тоа што би се разграниќиле надлежностите – едното да гони висока корупција на избрани функционери, а другото за организиран криминал и корупција“, рече Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Од Блупринт групата доставиле коментари на амнадманите кои се подготвуваат во Министерството за правада за Законот за јавно обвинителство.

Според последната верзија која се разгледувала во Министертвото за правда околу  Законот за јавно обвинителство, како што објави НОВА, предметите и истрагите на СЈО треба да преминат кај Државниот јавен обвинител, а обвинителите од СЈО по истекот на мандатот на Јанева на 15 септември да се вратат во обвинителствата од каде што дошле.

Камбовски: СЈО ја одигра својата улога, предметите сега треба да преминат во Обвинителството

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.