Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО ја одигра својата улога, предметите сега треба да преминат во Обвинителството

0
By Соња Петрушевска on September 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 6, 2019 13:32

„СЈО ја одигра својата улога во еден транзициски период и отвори смело многу предмети – сега со реформите во правосудниот систем, Обвинителството се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуција“, рече академик Владо Камбовски кој учествува на консултациите во Министерството за правда, на кои се подготвува новиот Закон за јавно обвинителство со кој се предвидува сите предмети, истраги и обвиненија на СЈО да преминат во рацете на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, по писмото испратено од Јанева.

Камбовски додава дека и кога се формираше Специјалното јавно обвинителство, имаше временски рок до кога законски може да функционира.

„Мандатот на СЈО можеше да се продолжи доколку наследникот на Јанева се избереше три месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Но, тоа не се направи затоа што се планираше токму Јанева да го продолжи мандатот. Кога тоа не се случи, а Јанева е приведена, со истекот на нејзиниот мандат на 15 септември, ќе се попречи работата на СЈО, затоа што според Законот за СЈО, само таа може да делегира и одзема овластувања на обвинителите во СЈО“, објаснува Камбовски.

Тој го поддржува решението со кое предметите на СЈО треба да преминат во Јавното обвинителство и вели дека за тоа има законска основа.

„ Државниот јавен обвинител има овластување според уставната поставеност на Јавното обвинителство која е заснована на хиерархиска субординираност, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите треба да се доделат на обвинителите од СЈО“, рече Камбовски.

Доколку пратениците не дадат поддршка на ова решение, друга варијанта е  СЈО да се припои кон Обвинителството за организиран криминал, како што е предложено во Законот кој е доставен до Собранието, да се избере нов специјален обвинител и СЈО да продолжи да ги води предметите.

Нов пресврт: Мандатите на обвинителите на СЈО неизвесни

Со ова решение – да се припои СЈО кон Обвинителството за организиран криминал, не се согласуваше опозицијата која инсистираше Државниот јавен обвинител да ги преземе предметите во фаза во која што се – фаза на разгледување докази, распит на сведоци, завршни зборови, жалби пред Апелација.

Но, според вчерашната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој сега не се согласува ниту предметите да завршат кај Јовески.

„Вчудоневидени за страста за работа на Катица Јанева, па макар и прекувремено, гледаме писмо каде таа наредува случаите да се предадат на работа кај Русковска обвинителството. Со други зборови, да се чуваат на посигурно за да се задржат конците за политички притисок врз опозицијата. Значи, од еден сеф на СДСМ, во друг сеф на СДСМ. А пустите така мислат дека ќе нѐисплашат. Но и за ова се лажат”, изјави вчера Мицкоски.

Попладнево во Собранието е закажана нова средба на работните групи меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за јавно обвинителство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.