НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камбек на Ристо Пенов  – се враќа ли цената на искуството и стабилноста во политиката?

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ристо Пенов, градоначалник, претприемач, политичар, но и прагматичар – кои од четирите описи да ги спомнете, ќе бидат дел од овој смирен лик, кој е еден од ретките кои внимаваат на вокабуларот во јавниот простор, и кој како што е вообичаено во нашето поларизирано општество предизвикува поделени реакции во зависност од кој политички камп го опсервираат.

Но едно е сигурно – неговото номинирање за министер за локална самоуправа беше сензација, бидејќи на Пенов помалку или повеќе се гледаше како на политички пензионер. Одлуката тој повторно да влезе во рингот може да биде вовед во вртење нова страница во новото македонско поглавје чиј наслов би бил дека мантрата за „млади во политиката“ не се покажа баш корисна во 30-годишниот плурализам на Македонија. Неретко и позицијата но и опозицијата со носталгија се сеќаваат на Киро Глигоров, Никола Кљусев, Стојан Андов, Петар Гошев и други „стари волци“ чие политичко портфолио и капацитети далеку ги надминуваа капацитетите на младите сили чиј прекумерен адреналин ја внесе земјата во спирала на остар политички антагонизам а политичкото ниво се спушти до ниски граници.

Иако со богата политичка кариера, Пенов ќе биде „јуниор“ во Владата бидејќи тоа му е прв министерски ангажман. Ресорот локална самоуправа може да го турне во двобој со скопската градоначалничка каде тој ќе биде на познат терен, на што може да се гледа како на позитивен развој на настаните откако метрополата се најде во клинч меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кое ја донесе на тронот.

„Не можам да речам дека Скопје сега е многу подобро, понапредно е секако, но голем дел од функциите слабо функционираат. Ако зборуваме за градоначалничкиот период, тоа што е направено, јас се уште со гордост по него се движам, го гледам, се возам, и тие се убави проекти.Тогаш имавме многу мали буџети, многу малку ингеренции за да можеме да решаваме поголеми проблеми во градот. Денес е сосема поинаква состојбата, но веројатно и проблемите се поголеми, потешки за решавање“, ќе рече Пенов во едно интервју додека уживаше во „пензионерскиот“ период.

Прашан што може да истакне од својот градоначалнички мандат, тој рече: „Ако можам да речам дека со нешто се гордеам, тоа е патеката покрај кејот, која се направи во мое време, и едно нешто што е максимално искористено, автобуската станица, спортската сала. Се обидов и плоштадот, меѓутоа потоа ми го разрушија и направија нешто друго. Улиците низ Скопје што ги направивме. Атмосферската канализација, се се тоа дела кои остануваат“.

Поранешниот скопски градоначалник и поранешен партиски водач на либералдемократите е познат уште и како политички ученик на некогашната социјалдемократска и либералдемократска икона Петар Гошев. Но неговата кариера не се движеше паралелно со популарниот Гошев, а и патиштата во еден момент им се разделија.

Сепак, Пенов во тимот на Ковачевски влегува со завиден политички багаж. Првите чекори во политиката ги почнува во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев. Бил раководител во претпријатието „Ангрокожа“ (1990-1993). Во политичкиот ангажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното фузионирање со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (19 април 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либерално-демократската партија.

Во 1996 година на локалните избори беше избран за градоначалник на Скопје, а доби и втор мандат на изборите во 2000 година. По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов беше и два мандати пратеник во Собранието на Македонија.

Во неодамнешниот осврт на НоваТВ на наследството што го остави Пенов како градски татко на метрополата, наведовме  дека иако главниот град тогаш немаше ни половина од денешните надлежности, а беше оставен со буџети десеткратно помали од денешните, Скопје доби, започна или заврши, повеќе капитални проекти. Но дали скопјани ќе аплаудираат на изборот на некогашниот градоначалник за министер за локална самоуправа, сепак ќе зависи од тоа дали тој од новата позиција ќе продолжи да му помага на главниот град како централно тежиште во неговиот ресор. И конечно прашањето кое сите си го поставуваат – дали со неговиот „камбек“, искуството и стабилноста повторно ќе добијат цена, наспроти младоста и свежината кои беа главни услови во политиката во изминатите деценија и пол?

Соња Крамарска

 

камбек Ристо Пенов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.