По бизнисменот Јордан Камчев кој денеска утрово (понеделник) се појави во Специјалното јавно обвинителство во својство на сведок во предистражна постапка, се очекува на разговор да пристигнат и поранешниот министер Миле Јанакиески и актуелната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска.
Против Јанакиески СЈО води повеќе случаи поврзани со кривични дела во врска со изборите, рушењето на „Космос“ на Фијат Цановски, а неговото име се слушна и во бомбите поврзани со провизиите во случајот „Кинески кредити“. Не е познато за што точно е повикана Канчевска Милевска, но познато е дека СЈО води и случаи врзани со набавките од проектот Скопје 2014.