Скопскиот Апелационен суд ја одби жалбата на бизнисменот Јордан Камчев, кој бараше да му се укине мерката притвор. За ова, тој, нудеше и гаранција на имот вредна милиони евра, а и покрај ова, Камчев останува во скопскиот истражен затвор „Скопје“.
Камчев мерката притвор ја доби во случајот „Плацеви на Водно“. Во овој предмет, покрај тој, обвинети се и поранешниот премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.
Според обвинението, Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Со тие пари, тој купил таен имот. Овие дејствија, Груевски, ги извршувал меѓу 2006 и 2012 година.