Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменос ја напушти Владата на Ципрас поради Договорот и нема да гласа „за“ доверба

0
By Нова ТВ on January 13, 2019 ВЕСТИ
AНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 13, 2019 12:42
Коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата.

-Четири години имаме чесно партнерство … иако дојдовме од различни политички семејства, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, коментирајќи ја соработката на неговата партија со независните Грци (АНЕЛ) и Каменос, истакнувајќи дека ја прифатил оставката.

Тој му се заблагодари на Каменос за неговиот „незаменлив” придонес во ова време.

Ципрас објави дека веќе контактирал со претседателот на грчкиот Парламент и побарал од него да започне постапка за гласање доверба на Владата, за да може да го заврши својот мандат што му истекува во октомври 2019 година.

Токму донесувањето на уставните измени во македонскиот парламент, беше главна причина Каменос да ја напушти коалиционата влада, бидејќи уште претходно изјавуваше дека за него спогодбата од Преспа е неприфатлива.

Деталите Каменос ги соопшти на прес-конференција  на која повтори дека за него и неговата партија АНЕЛ е неприфатлив термин Македонија. Ова е единствената причина поради која АНЕЛ ја напушта владата и тоа денеска му го соопштил на премиерот Ципрас, рече Каменос.

Договорот од Преспа, Каменос рече дека не е ништо друго освен прелиминарен договор, што е противуставен, бидејќи не е потпишан од претседателот.

Повторно го спомена и неговиот предлог и во Грција да се одржи референдум, односно како пример рече, заедно со евроизборите да има една гласачка кутија плус за Договорот од Преспа.

Каменос исто така кажа дека пратениците од неговата партија нема да гласаат за доверба на Владата на Ципрас.

На прашањето на МИА, која е неговата проценка дали Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, Каменос не даде јасен одговор, додека во однос на тоа дали Независни Грци би го поддржале протоколот за наше членство во НАТО, кусо и категорично одговори „не“.

На прес-конференцијата одржана во хотел во центарот на Атина, присутни беа четворица пратеници на Независни Грци, а отсуствуваа министерката за туризам, Елена Кундура и заменикот министер за земјоделство Василис Кокалис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.