Published: Saturday, January 18, 2014 12:56
Синоќа околу три часот по полноќ непознати лица ги искршиле стаклата на штабот на 4-тата месна заедница на СДСМ – Струмица. Сопственикот на објектот Александар Босиљанов, рече дека ги видел двајцата сторители кои побегнале и веднаш пријавил во полицијата.
Според Босиљанов најпрво се слушнале извици „Смрт за комунистите“ по што објектот бил каменуван. „Беа двајца, од кои едниот го препознав“, вели Босиљанов.
Полицијата напавила увид на местото на инцидентот.




