Published: Friday, February 14, 2014 13:51
Партискиот штаб на ГРОМ кој се наоѓа на улицата Петар Манџуков број 14, во Бутел1, (веднаш зад пазарчето во Бутел), во раните утрински часови, поточно околу 3.30 часот бил каменуван од непознати сторители при што беше скршено стаклото токму од брендираната страна каде што стоеше плакатот на ГРОМ-Бутел.
Полицијата денес излезе на увид на местото на инцидентот со цел да се утврди штетата и евентуално сторителот или сторителите.
Од ГРОМ сметаат дека нервозата на политичките ривали во предизборието расте, а цел на политичките опоненти бил штабот на Граѓанската опција на Македонија- ГРОМ.



