Published: Wednesday, October 9, 2013 09:43
Ноќеска околу 2.30 часот се превртел камион со приколка со кумановски таблички на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров, информираат за НОВА од СВР Скопје.
Седум часа по несреќата камионот не е отстранет, па утрово се создаде сообраќаен метеж и колони со автомобили долги на над еден километар.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на теренот.
Во синоќешната сообраќајка нема повредени, а предизвикана била само материјална штета.
Возачот најверојатно поради неприлагодена брзина, изгубил контрола кога камионот бил на половина пат да го заобиколи кружниот тек.
Како што јавуваат медиумите камионот пренесувал пиво.
Фото: Нетпрес




