Украина објави дека денеска испраќа своја хуманитарна помош за истокот на земјата, погоден од конфликтот со проруските сепаратисти. Потоа се согласи да ја прифати и руската помош, но само ако биде проверена.
„Колони со камиони носат помош“ и тие ќе тргнат од градовите Киев, Днипропетровск и Харков и ќе се упатат кон Луганск, соопшти владиниот кабинет во Киев.
Меѓународниот Црвен крст ќе ја дистрибуира помошта до луѓето кои живеат во областите заземани од бунтовниците, тврди украинската влада.