Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања – „Луѓето кои користат дрога се битни“

0
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2018 14:19

Организацијата Diogenis – Drug Policy Dialogue, започна кампања за подигање на свеста наречена „Луѓето кои користат дрога се битни”. Кампањата ќе се одвива во текот на цела 2018 година.

Организацијата ја нагласува и ја промовира потребата за почитување на човековите права на исклучително ранливо и маргинализирано население, потсетувајќи нe сите нас дека лицата кои користат дроги не ги губат своите права како граѓани и човечки суштества.

Воедно се потенцира неуспехот на постоечкиот меѓународен систем за контрола на дроги, кој е признаен за време на Специјалната седница на Генералното собрание на ОН за борба против дрогата (UNGASS 2016), каде е нагласено дека “луѓето треба да бидат во фокусот на меѓународните и националните политики за дрога” и се истакнува важноста на законските измени кои обезбедуваат безбедност, заштита, јавно здравје, почитување на човековите права и основни принципи на слобода за секое човечко суштество без дискриминација.

-Несакани ефекти предизвикани од неефикасни политики за дрога се сѐ поинтензивни и поистакнати од кога и да е, во период на длабока економска и социјална криза на глобално ниво: сиромаштија, бездомништво, исклучување од основните општествени добра, ограничен пристап до здравствена заштита, благосостојба и основни лекови, зголемени стапки на морбидитет и морталитет, ограничени можности за егзистенција, исклучување од можности за работа и бариери за развој на вештини, непропорционално казнување за прекршоци поврзани со дроги и нееднакво учество во социјалниот дијалог, истакнуваат од Организацијата.

Со цел да се постигне целта, се вели дека од најголема важност е лицата кои користат дроги да престанат да бидат маргинализирани и да добијат глас, еднаков пристап до можностите и услугите, како и учество во процесите на планирање, имплементација и евалуација на политиките и програмите за наркотични и психоактивни супстанции, како што е предложено со голем број меѓународни и европски насоки и препораки.

Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, покрај останатите активности се очекува да се вклучи во оваа кампања.

Кампањата се води под хаштагот #PWUDcount.

Кампања - „Луѓето кои користат дрога се битни“ ХОПС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.