Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ ќе се одржи на 26 септември (недела) во Градскиот парк кај Школка во Скопје, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 градови. Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think PinkEurope“.

-Изминатава година и половина, Ковид-19 пандемијата предизвика сериозни застои кај третманот на сите останати болести. Сега, можеби повеќе од било кога потребна е нашата поддршка за сите оние кои се соочуваат со ракот на дојка. Нашата цел е да испратиме порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите во време на корона вирусот како основен предуслов за победа над оваа болест, информираат од Здружението.

Посочуваат дека пациентите од рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата и дека секој од нив заслужува персонализиран пристап на терапија, достапност на најсовремените иновативни лекови и навремена терапија,

-Ве охрабруваме да ни се приклучите на нашиот настан и заеднички да чекориме во знак на поддршка за сите кои водат битка со ракот на дојка како и во чест на оние кои ја изгубија битката со оваа болест. Можете да се регистрирате на платформата hKps://www.raceforthecure.eu/mk/, да направите свој тим, да ги поканите Вашите пријатели и заедно да го обоиме светот во розово. Можете да направите компаниски тим и да ги поттикнете Вашите вработени да бидат дел од една хумана мисија, велат од Здружението.