Сеул: Во Јужна Кореја денеска почна кампањата за претседателските избори, што треба да се одржат на 3 јуни. Шест кандидати претендираат да го наследат сменетиот претседател Јун Сук-јеол.
Според анкетите кандидатот на главната опозициска Демократска партија, Ли Џе-мјунг има поддршка од 43 до 44 проценти и покрај кривините постапки што се водат против него, посебно поради корупција.
Ли ги изгуби претседателските избори во 2022 година од Јун, кандидатот на конзервативната Народна партија на моќта.
На изборите кандидат на Народна партија на моќта е поранешниот министер за труд Ким Мин-су, кој според анкетите има поддршка од 29 проценти од гласачите.