Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ја презентираше својата изборна програма  

0
By Zoran Ivanov on September 29, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Прво човек, потоа градоначалник“ е слоганот со кој кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се претставува во кампањата за локалните избори. На прес-конференција денеска тој ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ зад која, рече, стои неговиот тим од стручни соработници.

Програмата се заснова на седум главни столбови, како што рече „темелите на иднината на нашиот град“ со кои „почнува урбаната ера која Скопје ќе го преобрази во европска метропола“:

1.Одржлив урбан развој во следните 20 години; 2. Здрава животна средина, 3.Целосна комунална обнова на градот; 4. Враќање на културниот идентитет на Скопје; 5. Дигитална трансформација и паметни решенија; 6. Скопје – град на младите и науката и 7. Јакнење на јавната грижа и безбедноста. Како што рече, од седумте столбови ќе произлезат стотици проекти, „речиси по еден за секој ден од годината.

Ѓорѓиевски соопшти дека ќе формира меѓународен борд на светски експерти, ќе соработува со универзитети во Торино, Солун, Љубљана.., и со локални експерти избрани на конкурс ќе изработи 20-годишен план – визија за главниот град која, како што рече, ќе ги интегрира урбанизамот, мобилноста, зелената инфраструктура, енергетската ефикасност, управувањето со ресурси, социјалната инклузија и заштитата на нашето културно наследство. Целта е да се создаде „отворен, конкурентен и здрав град“.

Неговата програмата предвидува враќање на функцијата градски архитект, ќе се формира совет за урбан развој како гаранција за европски стандарди во урбанизмот и ќе се формира јавно претпријатие „Урбан центар Скопје“ кое ќе ги изработува планските документи – професионално и транспарентно. Секој нов јавен објект што ќе се гради ќе биде предмет на јавен конкурс, а тоа ќе значи, рече, фер конкуренција, квалитет и најдобри решенија за Скопје,

Визијата 2025-2045 не е само изборна програма, таа е патоказ за иднината, план што не се мери во мандати, туку со генерации. Визија што ќе остави стабилни темели и ќе создаде ново лице на градот што со гордост ќе му го предадеме на следните генерации. До 2045 ја гледам метрополата Скопје како град што дише прку своите зелени коридори, како град што се движи преку еколошки и интегрирани транспортни решенија, како град што живее преку јавни простори што повторно им припаѓаат на нашите граѓани. Ова не е само план за градба, ова е модел на ново живеење по мерка токму на вас, луѓето, истакна Ѓорѓиевски  за визијата за Скопје врз чија основа ќе биде донесен Генералниот урбанистички план. Додаде дека со новиот концепт „ќе се стави крај на хаосот на неконтролираното и штетно градење какво што имаме во моментов.

Тоа што нуди програма-визија за следните 20 години, рече Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање, не е поради тоа што проблемите не можат да се решат во мандат од четири години, но таа долгорочност, според него, значи извесност за перспективата на градот „кој сега е во незивесност и нефункционалност“.

 

 

орце ѓоршиевски програма Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.