Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџовски: Двојно зголемен бројот на заболени од морбили

0
By Нова ТВ on February 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 8, 2019 14:46

Двојно е зголемен бројот на заболени од морбили. Од 2 февруари до денеска се регистрирани 58 новозаболени од кои 54 се од Скопје, двајца заболени се од Тетово и по еден од Гостивар и Гевгелија, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Тој посочи дека 144 деца или 71 отсто од сите деца се невакцинирани или непотполно вакцинирани. Оние деца кои се невакцинирани, појасни, се најекспонирани на заболувањето при што кај нив се очекува вирусот да навлезе и да предизвика болест.

– Втората работа што е битна е тоа што 32 отсто од овие деца се на возраст под една година и не подлежеле на вакцинација согласно вакциналниот календар. Заболените се на возраст од еден месец до 54 години. Повеќе од 60 отсто од заболените се на возраст од една до четири години. Најекспонирана група е од една до четири години. Се работи за епидемија верифицирана и потврдена во нашиот Институт, рече Караџовски.

Нагласи дека вкупно вакцинирани во државата во периодот од почнување на епидемијата, досега, се 8.434 од кои 5.900 се во Скопје, а 2.534 во останатите градови. Според него, се очекува и натамошен развој на епидемијата, бидејќи таа се уште не го достигнала својот врв, поради тоа што само на територијата на Скопје има 50 отсто вакцинирани.

– Останатите 50 отсто се оние кои се експонирани и можат да заболат. Додека не се достигне 95 отсто ниво на колективна заштита епидемијата ќе трае. Може да се очекува епидемијата да се дистрибуира и во другите делови на државата. Вакцината е коректна, имуногена и проверена во Европа и не постои ризик од каква било реакција, истакна Караџовски и упати апел да продолжи интензивната вакцинација и родителите да ги однесат децата на вакцинирање.

Во врска со шестмесечното бебе од кумановско, заболено од морбили, кое почина изутрината на Клиниката за инфективни болести, рече дека тоа било хоспитализирано во текот на изминатиот месец во два наврата на Детското одделение во Куманово.

– Од 1 до 5 февруари беше хоспитализирано во Детската болница во Козле. На 5 февруари е префрлено во Инфективната клиника и е егзитирано во 7 часот. На почетокот на јануари детето имало трајно воспаление на белите дробови, најпрвин како опструктивен бронхит, а потоа и како бронхопневмонија. Бронхопневмонијата е проширена на двете белодробни крила и покрај интензивното лекување и реанимација на Клиниката за инфективни болести починато денеска наутро. Друг коморбидитет немаше во однос на други заболувањ, додаде Караџовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.