Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџовски: Состојбата со Ковид-19 под контрола, има розово, жолто, црвено и црно сценарио

0
By Нова ТВ on September 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемиолошката состојба во државата со ковид-19 е стабилна, со благ тренд на намалување на бројот на пациенти, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Сепак, предупредува дека состојбата може лесно да се промени и не смее да се каже дека вирусот ја изгубил силата. Потенцира дека особено есенско-зимските месеци носат повеќе ризик фактори што можат да ја влошат епидемијата.

– Гледајќи го периодот јуни, јули и август се добива впечаток дека имаме лесно намалување од десетина проценти на вкупниот број на дневно регистрирани случаи, ако се земе период од осум недели. Она што го гледаме во последните две недели е намалување на бројот на заболените лица, што донекаде доаѓа до 20 отсто, истакнува Караџовски во изјава за „360 Степени“.

Новите случаи, според информациите од центрите за јавно здравје, во голем дел се поврзани со собири и настани на кои се прекршуваат мерките за заштита. Караџовски вели дека новите кластери се следат и се контролираат, но апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита за да не се ризикува состојбата да се влоши.

Според него, системот е подготвен и за најлошо сценарио, посочувајќи оти има розово, жолто, црвено и црно сценарио.

– Да не испаднеме дека ние сме пророци и предвидуваме што ќе се случи, ние како секоја нормална институција мора да размислуваме за добро, средно добро, просечно, лошо и многу лошо сценарио. Во моментов сме во жолто сценарио, имаме број на заболени, но го држиме под контрола. Состојбата не е влошена, изјави Караџовски

Меѓу ризиците кои може да ја искомплицираат епидемијата е очекуваната сезона на грип и други респираторни заболувања. Дополнителен фактор е што луѓето од наесен ќе почнат се повеќе да минуваат време во затворени простори, што носи голем ризик од ширење на вирусот, доколку не се почитуваат мерките за заштита.

– Ние сме согласни на ниво на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство дека периодот што следи, значи ноември, декември, јануари ќе имаме зголемен број на респираторни заболувања, пред се инфлуенца (грип н.з.). Октомври и ноември ќе имаме зголемен број на респираторни вируси, рино-вируси, параинфлуенца и инфлуенца, односно сезонски грип.

Врз основа на нашите статистики во период од 30 години, тоа може да го очекуваме во втората и третата недела околу Божиќ и вториот бран околу февруари и март. Меѓутоа, зголемениот број на респираторни вируси веќе се очекува на крајот на октомври и почетокот на ноември. Ако имаме направено една рамка во која очекуваме зголемен број на заболувања тоа би било крајот на есента и почетокот на зимскиот период кога ќе имаме еден конгломерат на респираторни вируси вклучително и инфлуенца, наведува Караџовски.

Бидејќи дел од симптомите за сезонски грип се исти како и за ковид-19, ќе биде многу важно да се прави разлика при дијагностиката. Караџовски уверува дека лабораториите имаат зголемен капацитет за тестирање, кој е доволен да се одговори на предизвикот.

– Ако некогаш Институтот за јавно здравје правеше по 200 до 250 тестови дневно, сега системот е толку проширен што имаме 12 инситутиции кои тестираат. Со други зборови капацитетот е проширен, системот го апсорбираше првиот удар и ние сега можеме да правиме повеќе од 2 000 теста (дневно н.з.). Значи безмалку 10 пати е зголемен делот за тестирање.

Второ, системот може да ги апсорбира бранот на заболени, затоа што бројот на случаи на инфективните одделенија во последните три недели е намален. Да, на здравствениот систем ќе му се одрази ова, но системот веќе го подигнавме на повисоко ниво и спремни сме да одговориме на предизвикот, изјави Караџовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.