Красимир Каракачанов, преку фејсбук статус се закани дека ќе го блокира членството во ЕУ и НАТО, на Македонија.
„Г-не Заев не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ“, стои во на фејсбук предупредувањето до македонскиот премиер Заев од вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
Каракачанов како лидерот на ВМРО Бугарско Национално Движење се обраќа на ваков начин по изјавата на Заев дадена пред една недела, во која се вели дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на макадонскиот јазик и никој нема право тоа да го оспорува.
„Македонскиот јазик, кој не е признаен од никого како официјален јазик, не може да се смета како таков на целата територија на Северна Макеоднија. Северна Македонија е географско име кое вклучува и територија на Република Бугарија. Заев во тој контекст утре може да побара употреба, целосно идентичениот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација“, напиша Каракачанов на фејсбук.
Изјавата на Заев за македонскиот јазик и негово изучување во Грција предизвика и бура реакции во Грција, кога екс шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас изјави дека да е се уште министер „ќе го потегнел за уши“ и од НАТО и од Европската унија и од Нимиц“.




