Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каракачанов со владини пари бара бугарски карактер на НОБ во Македонија

0
By Нова ТВ on November 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“, пишува денес „Дојче Веле“.

Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите на даночните обврзници во Бугарија биле издвоени околу 220 илјади евра.

МНИ е директно поврзано со партијата ВМРО-БНД на актуелниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов кој деновиве е најгласниот противник на почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Исплатата од буџетските средства започнала паралелно со поддршката на Каракачанов за владата на Бојко Борисов и ГЕРБ во периодот 2014-2017 година. Институтот е создаден во 1990 година како наследник на Македонскиот научен институт од 1923 година.Ставката во буџетот преку која бугарското министерство за образование одвојува средства за овој Институт е истата преку која се финансираат и институции како Црвениот крст, сојузите на лицата со инвалидитет, Бугарската православна црква и други.

Истражувањето на Слободна Европа открива дека МНИ воопшто не е акредитиран како научен институт, и покрај името. Неговите цели наведени во образложението се: „расветлување на општественото мислење во земјата и во странство, односно насилната денационализација на бугарското население во Македонија; разобличување на фалсификатите на историското минато и разоткривање на карактерот на народноослободителното движење на Бугарите во Македонија“.

Седиштето на „Институтот“ се наоѓа во зградата на ВМРО-БНД во Софија. Обидот на новинарите да добијат став за тоа како ова здружение ги троши државните пари, како од членовите на Институтот така и од пратениците на ВМРО во бугарскиот парламент, завршил неуспешно. Пратеникот на партијата на Каракачанов, Јулијан Ангелов порачал дека „нема никаков престап во тоа што Македонскиот Институт добива пари“ и дека Слободна Европа има проблем „ако продолжи да им угодува на македонистите и на Скопје“.

Историјата на МНИ е тесно поврзана со онаа на ВМРО-БНД и практично се формира како „академска гранка“ на партијата на Каракачанов во 1990 година, со претензија да ги продолжи активностите на Институтот, основан во 20-тите години на 20 век од страна на реномирани бугарски интелектуалци и професори со потекло од Македонија. Бугарскиот историчар Чавдар Маринов во својата книга „Македонското прашање од 1944 година до денес“, на МНИ му припишува „континуитет со ‘патриотската’ наука од времето на комунизмот на Живков”.

„Во новиот МНИ се наоѓаат историчари кои ја направиле својата кариера во Историскиот институт на Бугарската Комунистичка Партија и кои, од таа причина, имале пристап до архивска документација затворена за други истражувачи“, пишува Маринов. И самиот Красимир Каракачанов, кој денес е бугарски вицепремиер, е дипломиран историчар од Универзитетот во Софија и поранешен агент на бугарската тајна служба. Неговата партија, која на почетокот на 1990 го носи името ВМРО-СМД, во својот прв статут како цел го поставува „целосното и неповратно решение на Македонското прашање, реферирајќи се кон Иван Михајлов, последниот водач на историското ВМРО“, забележува Маринов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.