Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каранфилова Пановска: Власта прави упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот

0
By Zoran Ivanov on March 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Власта не прави никакви реформи – тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска вечерва во вестите на ТВ Сител.

Каранфилова Пановска рече и дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието не претставува „ништо друго освен кршење на уставните начела на владеење на правото и на поделба на власта“, а дополнително постапката за петмина членови на Судскиот совет, за кои беше поднесена и изгласана интерпелација, претставува „дискриминација во однос на другите осуммина членови на Судскиот совет“.

Ако вели владата дека прави реформи, јас би ги прашала, зошто на интерелацијата во парламентот не се најде министерот за правда кој ги има истите права и одговорности во рамките на судскиот совет, а за чие членување во судскиот совет токму оценската мисија на ЕУ е онаа која прва забележува дека министерот за правда не треба да биде дел од судкиот совет, рече Каранфилова Пановска.

Таков тип на мешање на законодавната, а денеска со изјавата на заменик-министерот за правда, мешање и на извршната власт директно во работата на Судскиот совет, вели Каранфилова Пановска, не покажува ништо друго освен притисок врз судиите и инсталирање на партиски послушници, додаде таа.

Не ни е така далеку паметењето, кога имавме судии и судски систем во којшто се нарачуваа и пресуди, се нарачуваа и процеси. Ова не е ништо друго освен амбиција, притисок врз членовите на Судскиот совет и целото судство со идеја таму да се инсталираат партиски послушници, рече Каранфилова Пановска во интервјуто.

 

 

интервју каранфиловска пановска правна држава упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.