Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кардиологија распишала тендер за медицински материјал за апарат кој се уште не е набавен

0
By Нова ТВ on July 15, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Kлиниката за кардиологија распишала тендер за медицински потрошен материјал иако нема апарат со кој ќе се применува овој вид на кардиолошки материјал, дознава НОВА.  Тендерот бил објавен на крајот на минатата година, а спецификацијата која е подготвена од Кардиологија упатува на тоа дека дел од бараниот материјал одговара само за еден конкретен бренд на апарат, што укажува на тоа дека однапред се знае кој ќе го добие тендерот.

Станува збор за набавка на медицински материјал – електростимулатори, дефибрилатори, електроди, катетри, за лабораторија за електрофизиологија и електростимулација на срце.

Индикативно во целата ситуација е што апаратот “ 3 Д мапинг систем”  кој треба да го набави Министерството за здравство се уште не е набавен, а  јавниот повик за овој апарат  бил објавен откако Кардиологија го објавила повикот за јавен дијалог во октомви 2018 година.

Министерството за здравство се уште го нема направено изборот, односно не е одлучено кога,  кој и каков апарат ќе се набави, а согласно објавената спецификација на Кардиологија, особено за деловите 34, 35 и 36, на голем дел од побараните ставки  може да се јави само еден понудувач. Во техничката спецификација дури се утврдени и каракатеристиките на катетрите кои„ треба да бидат компатибилни со „3Д мапинг системот“ кој работи на елекртомагнетно поле со прецизност од 1 мм или еквивалент“. Од ресорното Министерство за НОВА потврдија дека процедурата за набавка на апарaтот не е завршена.

„Во врска со набавката на „3 Д мапинг системот“ за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија, Ве известуваме дека постапката е во фаза на евалуација во делот на исполнување на условите и критериумите наведени во техничката спецификација од страна на стручни лица од оваа Клиника. По завршување на евалуацијата, која се очекува да заврши за кратко време, ќе биде спроведена е-аукција/конечна цена по што би се донела Одлука за избор или поништување“ се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Реагира една од  фирмите учесник во јавната набавка од каде велат дека се сомневаат во легалноста на тендерската постапка, бидејќи се бара материјал за апарат кој се уште не е набавен. Особено што директорот на Клиниката за кардиологија, Жан Зимбаков ја потпишал Одлуката за спроведување на јавната набавка и одлучувал за изборот на понудата.

За сето ова тие ја известиле Антикорупциската комисијата каде на 5 јули 2019 годинава била доставена Претставка за злоупотреба на службена должност, незаконско влијание и дискриминација во постапка за јавна набавка од страна на директорот на Клиниката за кардиологија.

НОВА цела недела се обидуваше да стапи во контакт со директорот Жан Зимбаков, но тој не одговари на нашите телефонски повици, ниту на СМС пораките. Дури во последниот ден од работната неделата (петок) кога му беше укажано дека треба да биде транспарентен, согласно Законот за слободен пристап до информации го добивме следниот одговор:

„Почитувани, ви стојам на распологање за било какви информации во работен ден од понеделник до петок на моето работно место, секако доколку не сум зафатен со редовните работни обврски во сала. Ве молам за официјална комуникација во понеделник од 7 часот до крајот на работниот ден на телефон 3113116, УК за Кардиологија“, се вели во СМС пораката која ја добивме во петокот минатата недела кон крај на работното време, откако претходно цела недела го баравме на неговиот службен мобилен телефон, но и на посочениот број преку секретарката.

Директорот Зимбаков треба да одговори како е правена спецификацијата за одреден вид потрошен материјал кога е очигледно дека дадените услови ги исполнува само една форма.

Со вака осмисленот тендер однапред се знае кој ќе го добие иако на јавниот повик може да се понуди таков потрошен материјал со пониска цена и за 250 000 евра, се вели во Претставката до Антукорупциска комисија.

Инаку, НОВА располага со целокупната документација од тендерот, спецификацијата, цени и фирми кои се јавиле на тендерот, како и копија од СМС пораките до директорот на Кардиологија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.